X
 04.07.2021 Наша тема

Утре ќе бидат објавени резултатите и тестовите од матура, кои професори ги освоија студентите, сурфањето во странство... Што пишувавме неделава?

Во случај да пропуштивте...

Овие професори им оставија најголем впечаток на студентите - Што покажа онлајн анкетата на Факултети.мк.

Треба ли магија за да се закаже кај специјалист? Матичните лекари бараат решение - Генерално најмногу проблеми со закажување има на интернист и за кардиоваскуларни болести, потоа на урологија, очно, ушно.

Укинувањето на роаминг во 6 држави значи и сурфање по македонски тарифи - Од Агенција за електронски комуникации - АЕК велат дека тарифата за сурфање на интернет додека се престојува во овие земји каде што се укинува роамингот, ќе остане иста како и домашната.

Варикоцела - фактор за машка неплодност. Зошто се јавува и како се лекува - Мојот совет до сите млади мажи е да не се срамат и да не се плашат, туку доколку забележат промени во скротумот, губење на либидо и сексуална активност, да се јават веднаш кај уролог, објаснува д-р Илберт Адеми.

Родителите да бираат дали детето ќе го пуштат на училиште, бараат од на групата за поддршка на онлајн-настава - Земјите како Велика Британија и Израел, кои се далеку пред нас по бројот на вакцинирано население, во моментов се соочуваат со зголемени случаи на заразеност од делта-варијантата, и тоа кај учениците кои заразата ја шират во училиштата, пишува во писмото кое родители-членови на групата го испратиле до МОН.

Инженерските вештини од ТМФ ги применив на најдобрите практики во кариерата. Кариера во технологија е кариера без граници - Технолошкиот факултет е комбинација од природни и инженерски науки и токму ова беше пресудно во мојот избор. Она што особено ме привлече беа дизајнираните наставни модели испреплетени со искуствено и дисциплинарно знаење и многу практична лабораториска работа, кои создаваа една хибридна средина за учење, вели Панчевска.

Да се гушнеме, ракуваме или удриме со тупаница... Лукреција Маљковиќ-Атанасовска за збунетоста при новите поздравувања - Подобро е да прашаме „Ќе се гушнеме ли?“ отколку да му се фрлиме некому во прегратка, а тој да се тргне, со што би се создала непријатна ситуација, вели Маљковиќ-Атанасовска

Средното стручно образование – талкачот низ лавиринтите на уписната политика и немањето интерес на младите за него - Се соочуваме со загрижувачки бројки кои под знак прашање го ставаат опстојувањето на цели училишта, а ако на ова се надоврзе и уписната политика во средните училишта, со кои едни се фаворизираат за сметка на други, се добива една слика која заради своите нијанси е и мачна за гледање, и тешка за прифаќање, вели Елизабета Секирарска, професорка во средно училиште

Во понеделник - првичните резултати од државната матура. Ќе бидат објавени и тестовите што се полагаа - Матурантите незадоволни од резултатот ќе може да поднесат приговори. Приговор чини 1.500 денари.




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема