X
 04.08.2021 Образование

Објавени се конкурсите за ученички и студентски стипендии за 2021/2022 година

Oбјавени се конкурсите за доделување на ученички и студентски стипендии за учебната, односно студиска 2021-2022 година, соопштија од Министерството за образование и наука.

Заинтересираните кандидати за аплицирање, можат да ги погледнат сите конкурси ТУКА. Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање со цел остварување на правото на користење на соодветната стипендија.

Од МОН додаваат дека од оваа година постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот e-uslugi, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото.

Учениците и студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

МОН обезбедува поддршка при аплицирањето за секој заинтересиран кандидат, кој ги исполнува условите за одредена категорија на стипендии преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени ТУКА.

Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование