X
 04.10.2018 Образование

Погледнете како изгледаат училиштата во Финска

Помошник-министерката за образование на Хрватска, Лидија Краљ, последниве неколку дена престојува во Финска. Финските експерти што работеле на имплементација на тамошната наставна програма им помагаат на хрватските експерти да ја направат истата работа.

Краљ во последните неколку дена на нејзиниот фејсбук-профил објави фотографии од различни училишта во Финска што ги посетила. Освен фотографии, на „Фејсбук“ објави и некои работи од финскиот школски систем што се тешко замисливи за кој било образовен систем во земјите од поранешна Југославија.

- Директорката на финско училиште има 20 часа настава во две одделенија, останатото време е директорка. Училиштето има 120 ученици и 6 наставници во 6 одделенија. Фотографиите погледнете ги сами - пишува Краљ на една од нејзините објави.


- Можете да позајмите чевли, таблет или книга - пишува Краљ во друга објава.


Во една од наредните објави се наоѓаат фотографии од училниците од петто одделение. 69 ученици имаат три наставници.

2

3

4

5

- Едвај најдов една обична табла и креда. Имаат и „обични“ училници - пишува Краљ.

6

Краљ објави и неколку фотографии од едно средно училиште.

- Во средните училишта на учениците им се позајмени „мекбук ејр“ за 100 евра годишно. Во основните училишта учениците имаат ајпади и „хромбукс“. Секој ученик свој таблет (позајмен од училиштето). Секое училиште има неколку комплети уреди што ги користи во училиштето. Надворешен сервис се грижи за уредите - пишува таа.

7

8

Вака изгледа една училница по природни науки.

9

Училница за математика - мора да има два проектори и барем четири табли.

10

11

И еден детаљ од библиотеката.

12



- Училиште Кархунамаки, 236 ученици, 14 наставници, 3 асистенти. Директорот има 15 часа во настава, благајничката работи 2 дена неделно. Училиштето се простира на 4.400 квадратни метри - опишува Краљ едно училиште.

13

14
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование