X
 06.06.2017 Култура

Мерилин пред да стане Монро

Со нејзината прекрасна руса коса и црвениот кармин како нејзин печат, Мерилин Монро претставува една од најпознатите иконски личности на сите времиња. Но, малкумина знаат како оваа актерка изгледала пред таа да стане позната.

merilin

Родена како Норма Џин Мортенсон, Монро имала навистина тешко детство. Се преселувала од едно во друго семејство, преживувајќи трауматски искуства во речиси сите. Била сексуално злоупотребувана, поради што дури и развила пелтечење. Се омажила на 16 годишна возраст, меѓутоа ни тоа не ѝ донело среќа.

Сè се променило во 1944 година кога Монро работела во воена фабрика каде запознала фотограф од американските воздухопловни сили. Веднаш потоа таа ја започнала кариерата како модел, што подоцна ѝ довело филмски договори со „Twentieth Century Fox“ и „Columbia Pictures“.

Наскоро таа станала една од најголемите ѕвезди во Холивуд, иако под славата се криела една проблематична девојка. Монро извршила самоубиство во 1962 година, а остана запаметена како популарна културна икона и секс симбол. Сепак, голем дел од луѓето не ги знаат или ги забораваат проблематичните корени кога била една нормална девојка.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура