X
 07.01.2020 Живот

Бесценета лекција од еден професор за своите ученици

Доколку го читате ова, веројатно веќе имате одредени привилегии за кои не сте свесни. Тоа е тешко да се разбере, дури и за возрасните. Но, еден средношколски професор пронашол едноставен и прекрасен начин да им го објасни ова на своите ученици.

За почеток, сите ученици добиле парче хартија кое го свиткале во топка.

Потоа, пред нив била ставена канта за ѓубре.

„Вие го претставувате населението на земјата. Секој има шанса да стане богат и да стигне до високата класа.“

„Сè што треба да направите е да ги фрлите топките од хартија во кантата додека седите во клупите.“

Секако, учениците што седеле назад погодувале полошо од оние што седеле напред и се жалеле за неправедноста.

Сите ученици ги фрлиле топките и многу што седеле во предните редови ја погодиле кантата, а само неколку од задните редови биле успешни.

„Колку поблизу бевте до кантата, толку поголеми шанси имавте. Тоа е привилегија. Дали забележавте дека единствените што се жалеа беа оние што седеа назад?“

„Учениците што седат напред беа помалку свесни за таа привилегија.“

„Вие сте ученици што добиваат образование и мора да бидете свесни за вашата привилегија. Искористете ја привилегијата наречена 'образование' за да се обидете да постигнете големи нешта, но и да се борите за оние зад вас.“


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот