X
 07.07.2018 Култура

Заклучоци од филмови што мал број луѓе ги сфатиле

Постојат филмови што нѐ воодушевуваат, но и понатаму не сме сигурни што се крие зад деталите. Би требало да ги погледнете барем уште еднаш за навистина да ги разберете.

Веб-страницата „Брајт сајд“ одлучи да ги сподели значењето и заклучоците на некои од највпечатливите филмови во последните 15 години.

„Пристигнување“ (2016)



Главниот трик од овој филм е што нѐ „измами“ и нѐ натера да мислиме дека главните случувања биле по смртта на Хана, ќерката на главниот лик. Но тоа не е така. Со тоа што успеала да го разбере јазикот на вонземјаните, Лиз почнала и времето да го сфаќа на друг начин. Со самото тоа, успеала да види што ќе се случи во иднината. И покрај тоа што знаела каква ќе биде приказната, се омажила за Иан и родила ќерка.

„Господин Никој“ (2009)




Главната порака во филмот е: изборот на секој треба да биде од срце. Не поради притисокот на околностите или поради луѓето. Немо, главниот јунак, не избрал од двете можности што му ги понудиле неговите родители, туку избрал сосема друг пат. Само свој. И таа одлука на Немо му донела среќа.

„Ноќни животни“ (2016)




Книгата што Едвард ѝ ја испратил на Сузан е всушност одмазда за неа. За него, „губењето“ на жената и нероденото дете е еднакво на губењето на главниот јунак во неговата приказна. На некој начин Сузан се споредува со криминалците од приказната. Едвард не ни сакал да се сретне со Сузан. Сѐ што сакал да направи е таа да се покае поради својот избор и да ја повреди. Таа тоа го сфати, но и понатаму се надева дека ќе може да ја врати старата љубов.

„Мементо“ (2000)




Филмот на почеток зборува за законот за одмазда: „Око за око, заб за заб“. Главниот лик мисли дека одмаздата ќе го ослободи од болката што ја чувствува поради смртта на неговата жена. Но греши, а страдањето е сѐ посилно. Во последните сцени го гледаме како ја држи својата жена во прегратка и тетоважата: „Јас го направив тоа“ („I've done it„) се појавува на неговите гради. Сѐ е јасно: тој ќе се бори со тоа.

„Дони Дарко“ (2001)




Ова е еден од филмовите што секој ги сфаќа на свој начин. Колку луѓе да го гледаат, толку верзии ќе има, а оваа е најнеобичната: станува збор за приказна за тинејџер кој се бори со силите што го водат кон смртта. Главниот јунак не сака и не може да ја признае својата немоќ, и како резултат на тоа, ја прифаќа својата смрт како саможртвување за спас на светот.

„Петпарачки приказни“ (1994) и „Убиј го Бил“ (2003,2004)




Дали се сеќавате на сцената во „Петпарачки приказни“ кога Миа му вели на Винсент дека се појавила во пилот-серија? Според таа приказна, постоеле пет главни лика: русокоса заповедничка, Јапонка - кунг фу мастер, црнка, заводлива Французинка и Миа. Ликовите се доста слични со оние од филмот „Убиј го Бил“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура