X
 07.08.2019 Образование

Докторски студии во Словенија за стратешки комуникации или социологија на српски и англиски јазик

Факултетот за применети општествени студии (Fakultet za uporabne druzbene studije - FUDS) и Факултетот за медиуми (Fakultet medije - FAM) годинава првпат нудат можност граѓаните на Македонија да се запишат на докторски студии во Словенија. Докторските студии се однесуваат на областите Социологија и Стратешко комуницирање, каде што се стекнува меѓународно призната диплома, базирана на функционално знаење за решавање на секојдневните предизвици, како што се претприемништвото и бизнисот, менаџментот, економската социологија, иновациите, комуникацијата, медиумите, лидерството, јавната администрација, владеење на правото и многу други области од општественото опкружување.



Овие угледни приватни факултети работат според современи методи и програми и се ангажирани на многубројни ЕУ-проекти. ФУДС е првиот факултет во Словенија со признати докторски студии според Болоња. Во следните три години на овој факултет, исто така, ќе работи и престижниот Жан Моне центар за извонредност.

Управата на овие факултети одлучи на потенцијалните докторанди од Македонија, доколку исполнат услови за докторски студии, да им понуди едукација по сопствен избор на српски или англиски јазик и покрај титулата доктор на науки да добијат и меѓународно призната диплома. Наставата ќе се одвива на англиски јазик, додека подготовката и одбраната на докторската дисертација може да се прават на српски или на англиски јазик.

„Одлучивме да го задржиме вистинскиот дух на докторските студии и со мал број предмети нашите студенти да имаат време да се фокусираат на избраните теми и да стекнат конкретни знаења преку искуство и истражување. Еден дел од едукацијата се реализира во групи, преку размена на идеи, креативност и заемно учење, а дел преку самостојно учење под надзор на ментор. Сите заинтересирани студенти, доколку сакаат, може да се вклучат во истражувачките проекти што ги имаме на факултетите, но и во нашите ЕУ-проекти и да стекнат конкретни знаења“, вели професор д-р Борут Рончевиќ, декан на Факултетот за применети општествени науки и член на Управниот одбор на ФАМ.



Програмите нудат, покрај современата литература достапна во библиотеката на факултетот, и пристап до податоците од истражувањата на факултетите, работа во мали групи, интерактивни предавања, посветена работа со ментори и размена на мислења со колегите и завршените доктори на науки во рамките на специјално организирани конференции и работилници.
За три години конкретна работа и континуирано учење се стекнуваат знаења корисни во бизнисот, менаџментот, стратешкото комуницирање, медиумите.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование