X
 07.10.2021 Култура

Фотографот Виктор Соколовски со самостојна изложба во Подгорица

Скопскиот фотограф Виктор Соколовски премиерно ќе ѝ се претстави на публиката во Подгорица, Црна Гора, со самостојна изложба на фотографии под наслов „Претстава“. Изложбата ќе биде отворена на 11 октомври во изложбениот хол на КИЦ „Будо Томовиќ“ во 19 часот.

Соколовски во својата изложба го истражува феноменот на театарот и притоа ги има доловено сцените на театарските продукции на низа познати режисери кои биле креирани во изминативе десет години во Македонскиот народен театар.

- Идејата беше спонтана. Театарот ми е љубов и инспирација и фотографиите од изложбата доловуваат спонтани моменти од театарски претстави, каде што јас како гледач, буквално од своето седиште ги документирав - изјави Соколовски.


Ова ќе биде седма самостојна изложба на Соколовски, а првата му беше во 2007 година. Тој е добитник на неколку награди, меѓу кои и наградата за серијата фотографии „Генеза“, прикажана на манифестацијата Деновите на македонската фотографија. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура