X
 07.10.2021 Живот

Шпанија ќе им дава по 250 евра месечно на младите за да се отселат од дома

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, предложил доделување месечен бонус за младите лица на возраст од 18 до 35 години за да им се помогне да ги напуштат домовите на родителите и да плаќаат сопствено сместување.

Се предлага доделување бонус од 250 евра месечно во период од најмногу две години. Според предлог-закон кој ја содржи оваа иницијатива, треба да се воведе и граница за кириите кои ги земаат сопствениците на имот, особено на места на кои тие многу се зголемиле во последните години.

Во Шпанија помалку од еден во четири дома се достапни за изнајмување, а цените за кирија растат во големите градови иако приходите на граѓаните се намалија поради пандемијата.

Според предлогот на премиерот, бонусот ќе им се доделува на млади лица кои заработуваат помалку од 23.725 евра годишно.

Според податоци од „Еуростат“, Шпанците го напуштаат домот на родителите на просечна возраст од 30 години, речиси четири години подоцна од просекот во Европската Унија.

Извор: BBC
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот