X
 07.11.2018 Образование

Не ја затвораме Филмската академија во Охрид, но мора да се надминат нерегуларностите, вели заменик-министерот Петар Атанасов

Редица нерегуларности во работата на Филмската академија – Охрид се причина за застојот и немањето настава во оваа образовна институција, објаснува за Факултети.мк, заменик-министерот за образование, Петар Атанасов. Тој посочува дека до Влада ќе биде упатено барање за избор на нов в.д директор, со што ќе почне да се средува проблемот.

- Актуелната директорка ги нема потребните титули за да ја врши таа функција. Многу нерегуларности се најдени во работењето на оваа институција. Ние ќе се трудиме да го задржиме тоа што е добро, како што се професорите, врската со ФАМУ, некои студентски програми што биле добри. На импровизиран начин академијата била пререгистрирана во Институт. Се надевам што поскоро да се најдат решенијата. Месец дена се занимавам со овој случај, а не би знаел да кажам зошто кон крајот на минатата академска година не било отворено ова прашање – вели Атанасов.

На прашањето дали е можно да има финанасиски нерегуларности во работењето на Академијата, Атанасов ни изјави:
- Никоја инспекциска служба нема да згреши доколку ја посети академијата.

Група студенти утрово упатија писмо до јавноста во кое се пожалија дека и по повеќе од еден месец се уште немаат настава. Меѓу нив има и многу студенти од странство, од САД, Мексико, Либан, Индија, чии визи полека истекуваат и не знаат што да прават.

Странските студенти не знаат што да прават

Студентите од време на време се собираат на Академијата, каде си доработуваат проекти, организираат проекции.

- Јас сум студент втора година. Веќе ми е истечена визата. Дојден сум на 17 септември, јас сум стипендист на оваа академија, а веќе трошам мои пари. Многу сме задоволни од програмата и од професорите, нам не ни е јасно што е причината што не работи академијата. Политика не не интересира, само сакаме да продолжиме со настава – изјави Харш Дочи, студент од Индија на ФИОФА.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование