X
 08.02.2017 Култура

Зошто сите производи на „Икеа“ имаат необични имиња?

Кујна „Knoxhult“, килим за бања „Badaren“, комода „Hemnes“, тава  „Skanka“, „Invar“ држач за вино...
Шведската фирма е позната по имињата  кои тешко се помнат и изговараат. Тие на своите производи им даваат шведски имиња, но не по случаен избор, туку по строго определени правила. Тимот во „Икеа“ што е задолжен за именување на производите користи база на податоци за шведски имиња, според специјален клуч. Постојат и исклучоци кога се даваат или се измислуваат имиња кои на купувачите можат да им ја сугерираат намената на производот.


Фото: Pixabay

Но, главно, се следат правилата кои ги поставиле основачот на „Икеа“, Ингвар Кампрад и неговата сестра, открива „Quartz“. На почетокот, „Икеа“ била семејна фирма каде сестрата на господинот Ингвар била задолжена за именување на производите. Со текот на развојот на фирмата, братот и сестрата оформиле стратегија за доделување на називи на производите која се користи до денес, затоа што основачот Ингвар страда од дислексија и дисграфија, па има потешкотии во помнењето на зборови и бројки.

„Тоа беше паметно и толку типично за Ингвар, да креира таков начин на давање имиња кој самиот ќе може да го запомни“, истакнува ПР -менаџерката на „Икеа“, Марти Марстон.

И сè има свое значење. Дури и името„ Икеа“ има свое значење. Тоа е акроним од имињата Ingvar, Kamprad, Elmtaryd (семејната фарма) и Agunnaryd (родното село на Ингвар).

Капатилата носат имиња на шведските езера и водопади. На постелините им се даваат имиња на цвеќиња и растенија. Креветите и гардероберите се нарекуваат според норвешките градови. Полиците за книги - според скандинавски машки имиња. Ткаенините и завесите имаат женски скандинавски имиња. Детските производи се именуваат според животни и птици. Мебелот за градина, според шведските острови.
Кујните најчесто имаат имиња на градови, а теписите  и простирките – имиња на шведски места. 

Па затоа, кога ќе посетите некоја продавница на „Икеа“ и ќе се восхитувате на производи со имиња како Majgul, Sommar или Maskros, сетете се дека ниту еден производ не добил свое име по случаен избор.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура