X
 08.04.2020 Технологија

Апликација што покажува дали сте имале контакт со позитивен на Ковид-19, без откривање на приватноста, создале Bike Computer. Отворена е за ИТ заедницата

Од компанијата велат дека апликација е поставена како open source, што значи дека целата ИТ-заедница на нашата територија може да помогне во усовршувањето и подобрувањето на нејзиниот код, со што се гарантира дека нема да биде искористена за други цели

Тимот на Bike Computer минатата недела финализирал нов технолошки проект кој може да помогне во борбата со Ковид-19 - мобилна апликација која обезбедува цела низа податоци за пандемијата и мерките за заштита од ширење на вирусот. Мобилната апликација нуди можност нејзините корисници да знаат колку е зачестен вирусот во нивната околина, без притоа да се нарушува правото на приватност и безбедноста на личните податоци.



Од компанијата велат дека апликација е поставена како open source, што значи дека целата ИТ-заедница на нашата територија може да помогне во усовршувањето и подобрувањето на нејзиниот код, со што се гарантира дека нема да биде искористена за други цели, туку единствено само за заштита и подобрување на здравствената состојба на нашите граѓани.

-Апликацијата е достапна и за Android и за IOS корисниците. Податоците што ѝ се потребни на оваа апликација, односно бројот на заболени и статистиката по градови се преземаат директно од Министерството за здравство. Сакаме да дадеме свој придонес во борбата со пандемијата, тоа е наша општествена одговорност и затоа вложивме голем напор и многу непреспиени ноќи за да ја креираме - вели Иван Ивановски од Bike Computer.



На апликацијата, објаснува тој, во полето Info може да се добие информација за тоа што всушност претставува Ковид-19 и на опцијата за помош во истоименото поле се добива пристап до сите важни телефонски броеви кои се корисни во оваа пандемија, а се сортирани по градови.

Со ова ИТ-решение се нуди можност во делот на „одговори и прашања“ оние лица што се во карантин и заразени, односно болни, секојдневно да пополнуваат формулар со прашања кој ќе биде директно достапен до Министерството за здравство и врз база на формуларот да се одлучи дали има потреба од преземање понатамошна активност поврзана со нивната безбедност и здравје.

Секој од корисниците може да остане анонимен, а доколку сака да биде контактиран од здравствените установи, треба да се регистрира.



-Апликацијата користи Bluetooth конекција за да ги меморира сите контакти со кои вие сте имале контакт во последните 14 дена. Доколку некој од нив се покажал како позитивен на тестот за Ковид-19, вие за тоа добивате податок, автоматизирана нотификација со потребната информација. Како најбитен момент во оваа апликација за кој тимот на Bike Computer посвети многу време и труд да го финализира и усоврши е делот во сигурноста дека нема да дојде до испраќање на нотификации за непотребна паника. Самата апликација детектира на кое растојание се лицата, јачината на Bluetooth сигналот и времето на задржување на контактот помеѓу тие лица на истата локација. Во случај да се поклопат сите параметри од алгоритамот, стигнува нотификацијата со потребната информација. Бидејќи приватноста на корисниците е најбитен детаљ во апликацијата, во базата корисниците се зачувуваат само ID податоци на нивниот кориснички уред – објаснува Ивановски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија