X
 08.06.2022 Забава

Оваа земја нуди пливање со коњи во океан

Јамајка звучи како идеална дестинација за оние што бараат рајски плажи, добра забава и неверојатни искуства. Иако звучи совршено, искуството може да стане уште подобро ако ги испробате познатите тури каде што туристите можат да пливаат во океанот со коњи.

Коњите се вешти пливачи и се популарна атракција на островот. Коњите пристигнале во Јамајка во 15 век и се неопходни за туризмот денес. Додека јавањето на плажа е веќе популарна активност на островот, туристите можат да уживаат и во посета на различни локации, вклучувајќи ги Очо Риос, Негрил и заливот Монтего.


Турите често траат до два часа, а туристите ќе јаваат коњи низ џунгли, а завршуваат покрај морето. Од безбедносни причини, некои агенции бараат од туристите да носат кациги.


Не очекувајте животните постојано да пливаат. Коњите влегуваат во вода и можат да пливаат некое време, но поголемиот дел од времето пешачат по плажата.

Туристите секогаш треба да ги слушаат своите водичи и да не ги принудуваат животните да пливаат предолго, почитувајќи ги сите ограничувања.


Групите обично се состојат од 10 до 15 коњи и јавачи, па ако некогаш сте замислувале ваква авантура, време е да ја реализирате вашата фантазија.

Извор: ddl.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава