X
 09.06.2025 Технологија

До 2030 година пазарната вредност на ВИ-агентите ќе порасне на 47 милијарди долари

За само две години ВИ-агентите (вештачката интелигенција) – автономни системи способни сами да извршуваат задачи – преминаа од експериментална технологија во широко применливи деловни решенија. Денес, тие ги завршуваат задачите од почеток до крај, соработуваат со други агенти и го менуваат начинот на кој организациите работат и растат.

Нивниот пораст го потврдуваат и големите технолошки играчи како што се „Опен АИ“, „Гугл дипмајнд“, „Мајкрософт“ и слични, кои почнаа да ги интегрираат во своите операции минатата година.

Но, се чини дека ова е само почеток. Според податоците објавени од „Текгегд“, околу 51 процент од организациите планираат барем делумно да ја прошират употребата на агенти со вештачка интелигенција во текот на 2025 година, додека во следните три години оваа бројка се зголемува на дури 82 проценти.

Од осигурување и здравствена заштита до воздухопловство и одбрана – дури седум од десет раководители веќе ги вбројуваат агентите со вештачката интелигенција меѓу трите најважни технолошки трендови во областа на вештачката интелигенција.

Само пред неколку години беше тешко да се замисли дека агентите на вештачката интелигенција ќе станат вообичаена алатка во бизнисот. Денес, тие им помагаат на компаниите да анализираат податоци, да донесуваат стратешки одлуки, да ги автоматизираат процесите и да комуницираат со клиентите во реално време - менувајќи ја самата суштина на нивниот бизнис. Оваа година 51 процент од компаниите планираат делумно или целосно да ја прошират употребата на агенти со вештачка интелигенција за да ги зголемат ефикасноста и автоматизацијата. До 2028 година се очекува 82 проценти од организациите да ги користат.


Најголем потенцијал за раст на агентите со вештачка интелигенција се гледа во секторите за осигурување и малопродажба, каде што 85 и 81 процент од раководителите, соодветно, ги сметаат за водечки технолошки тренд.

Поддршката расте и во секторите за потрошувачки производи, енергетика, комунални услуги и банкарство - помеѓу 70 и 75 проценти од раководителите во овие индустрии ги сметаат агентите со вештачка интелигенција како клучни за иднината. Дури и во индустриите со малку помал удел - како што се автомобилската, здравствената заштита, високотехнолошката и одбраната и воздухопловството - околу 60 проценти од извршните директори ги наведуваат агентите со вештачка интелигенција како значаен тренд.

Со зголемувањето на инвестициите и иновациите од големите технолошки компании, пазарот на агенти со вештачка интелигенција расте експоненцијално. Минатата година индустријата беше проценета на 5,1 милијарди долари и се очекува да порасне за 821 процент на 47 милијарди долари до 2030 година.

За споредба, ова е речиси двојно повеќе од очекуваниот раст за машинско учење, најбрзорастечкиот сегмент од индустријата за вештачка интелигенција. Исто така, тоа е речиси шест пати повеќе од проектираниот раст за компјутерски вид и 2,7 пати повеќе од прогнозите за раст за роботиката со вештачка интелигенција и поширокиот пазар на вештачка интелигенција, во следните пет години.

Сите индикации се дека агентите со вештачка интелигенција не се минлива технологија, туку основа на дигиталната трансформација во следната деценија.

Извор: ictbusiness.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија