X
 09.12.2018 Живот

Наставниците се жртви на секоја реформа, проблемите на младите таленти кога одат на натпревари во странство... Што истражуваше Факултети.мк неделава

Наставниците се жртви на секоја реформа, вели во интервју за Факултети.мк Емиљ Сулејмани, декан на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Искуствата на матурантот Милан Тасевски од Берово, кој освои бронзен медал на Иранската геометриска олимпијада годинава, интервјуа со Снежана Савиќ-Димовска, менаџер за правни работи во „Пивара Скопје“, Дарко Крстевски од Sport Vision, зошто Македонија вчера го чествуваше св. Климент Охридски? Ова се дел од темите што неделава беа објавени на Факултети.мк.

Проф. д-р Иван Блинков

Проф. д-р Иван Блинков од Шумарскиот факултет од Скопје е еден од шестемина најдобри научници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 2017/2018 година. Три децении неговата работа е фокусирана на ерозија на земјиштето и порои. Со него разговаравме за состојбата на научната мисла, за слабиот интерес за студирање на оваа област.

Презимето кај поголемиот дел од Македонците се зацврстува дури во 19 век, со навлегувањето на европските обичаи. Бараба, Дупевски, Газлевски, Прдлеви, Заблиеви, Абдалови, Докурчеви... Ова се неколку од многуте специфични презимиња во Македонија.

Жени во Прилеп   Фото: Википедија

Како настанале презимињата кај нас, кога, зошто немаме семејства чии презимиња може да се следат со векови?

Снежана Савиќ-Димовска, менаџер за правни работи во „Пивара Скопје“, вели дека понекогаш истовремено треба да менаџира и 50 сосема различни активности. Колку што е поголемо правото што го уживате во некоја компанија, толку се поголеми и обврските.

Снежана Савиќ-Димовска

Но, тоа не треба да ве уплаши. Напротив - треба да ве мотивира да бидете вредни, да се интересирате за сè, постојано да прашувате, дури и ако нешто не е тесно врзано со вашата работа.


Матурантот Милан Тасевски од Берово вели дека математиката е предмет што бара најголема посветеност, внимание, фокусираност и логичко поврзување на работите. Тој обожава предизвици и токму затоа математиката му е омилен предмет.

Милан Тасевски

Прочитаjте со што се соочуваат нашите таленти кога треба да заминат на натпревар во странство.

Дарко Крстевски, раководител на маркетинг-секторот од Sport Vision, раскажува како се развивал себеси со истото темпо на развивање на компанијата во Македонија. Почнал како продавач, позиција која траела кратко, па раководител на малопродажен објект, потоа во менаџмент-тимот на позиции регионален менаџер и бренд-менаџер. Ова е неговата приказна.

Дарко Крстевски

Деканот на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Емиљ Сулејмани, вели дека наставниците знаат да бидат посочувани како дежурни виновници секогаш кога ќе се споменат хаосот во македонското образование и наталожените проблеми. Тој објаснува како тие го изгубија статусот во општеството.

Проф. д-р Емиљ Сулејмани

Сесловенската писменост беше спасена во Македонија и од Охрид повторно изгреа сонцето што ќе го грее словенскиот свет повеќе од еден милениум. Со овие зборови проф. Цветан Грозданов, еден од најреномираните византолози на Балканот, најдобро опишува зошто денес целата земја го одбележува 8 Декември, Денот на св. Климент Охридски, патрон на Македонија. Зошто Охрид беше најпогодното место за св. Климент да ја основа најстарата школа?
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот