X
 11.05.2022 Живот

Паркот во Гази Баба збогатен со нови содржини за рекреација. Погледнете како изгледа сега

Деновиве во Паркот на природата „Гази Баба“ беа поставени нови елементи изработени од дрво на повеќе локации, соопштија од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека во паркот се поставени два нови видиковци, а изработени се и два големи рекреативни елементи, еден мал рекреативен елемент, како и дрвена куќичка за деца и пет комплети маси со клупи.

ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Кој бил Гази Баба?

- Распоредени на повеќе локации низ зеленилото во паркот, новите елементи со својот изглед и намена ги збогатуваат содржините на уредениот парк, кој е вистинско место за релаксација и пријатен престој во природа за посетители од сите генерации, како и за забава и игра на најмладите посетители - стои во соопштението.

Во паркот е уреден и нов парк за домашни миленици со соодветни реквизити и нуди одлични можности за нивна рекреација.

Погледнете како изгледа сега паркот.








Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот