Даниела Алексовска - европски првак во ММА: „Следен предизвик ми е Светското првенство“
Неодамна одекна веста дека македонската натпреварувачка Даниела Алексовска го освои златниот медал на Европското првенство во ММА во Белград, Србија. Даниела ја освои првата европска ММА титула за Македонија во женска категорија. Со неа разговаравме пред две години, кога стана првак во бразилско џиу-џицу и ни навести дека следен нејзин предизвик и голема желба е да се натпреварува во ММА. Две години подоцна ја освои титулата европски шампион во ММА, а и е рангирана како трета во светот во категоријата јуниори - 52,2 килограми.
„Преку спортот најлесно и најбрзо може да се реализира инклузијата“, вели Станислав Мирчевски, еден од организаторите на Инклузивниот фудбалски турнир
Инклузивен фудбалски турнир - Скопје 2025 во организација на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“- Скопје, под покровителство на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа на комплексот фудбалски терени при ФФМ во Аеродром. На турнирот земаа учество осум училишта со десет екипи со типичен и атипичен развој.
Кога бев студент со поетот и преведувач Зоран Анчевски: „Одамна немам чуено млади луѓе да разговараат за прочитана книга во бифе, кафуле или ресторан, а нам тоа ни беше секојдневие“
Англискиот јазик му „легнал“ преку рокенрол-песните што ги слушал во младоста. Со преводот се „заразил“ транскрибирајќи ги хитовите од странски бендови за да можат точно да ги изведат маалските рок-бендови. Така наместо на медицина, завршил на студии по англиска книжевност на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Зоран Анчевски е еден од најголемите македонски поети на денешницата.