X
 12.12.2021 Наша тема

Хрватска е новата Германија за докторите, македонска игра прва во САД, како свети Климент го градеше просветителскиот идентитет...

Што пишувавме неделава...

Хрватска е новата Германија за докторите: Ни бегаат и во пандемија: Во изминативе години на работа во Хрватска заминаа и лекари од Македонија. Меѓу нив е и Силвана Младеновска, чија животна приказна ја отсликува реалната состојба на тој европски тренд. По 16 години работа како лекар во Македонија, веќе една година живее и успешно работи во Хрватска.

Македонската игра „Candle Craft 3D“ прва во САД и на светските топ-листи: „Candle Craft 3D“ ги ниже своите први милион преземања, но допрва ѝ претстои освојување на источниот пазар. Потоа следуваат многу подобрувања, многу идеи и надградби кои имаме намера да ги развиеме и тестираме, за финалниот производ да има позитивен ефект и долг дигитален живот, многу милиони преземања и исто толку задоволни играчи низ светот, велат авторите на играта.

Како свети Климент го градеше македонскиот просветителски идентитет?: Професорот Илија Велев од Институтот за македонска литература, по повод 1.100 години од смртта на свети Климент Охридски, напиша книга посветена на овој просветител со која јасно посочи дека денешниот Македонец го прави горд неоспорниот факт дека словенската писменост, богословската возвишеност, но и научната основа на балканските народи потекнуваат токму од Охрид.



Пијанистката и проф. Снежана Анастасова-Чадиковска, добитник на наградата „Св. Климент Охридски“, раскажува за нејзиното музичко патешествие: Според мене, наградата ,,Свети Климент Охридски“ е најголемо признание што во нашата држава воопшто може да го добие личност која творела во областа на културата, уметноста, образованието. Да бидеш носител на награда која го носи неговото име, за мене значи дека си се вградил на вистински начин во процесите за добросостојба и прогрес на оваа земја, вели Снежана Анастасова-Чадиковска.

Медицинска војна, страв, не ни влегов во амфитеатар...Што велат младите за животот во пандемија: Младите сметаат дека целата ситуација многу ги попречила во стекнување нови познанства, како и посети на многубројни настани, посета на други земји, а изостанаа и апсолвентските екскурзии. Во целата негативна ситуација млади студенти успеале да извлечат и нешто убаво и поучно, дел од нив се мотивирале да го развијат подоброто во себе, повеќе да ги вреднуваат моралните вредности и да го ценат она што го имаат.

„Бинтерн“ е македонскиот „Линкдин, ги поврзува студентите со компаниите: Очекуваме во иднина „Бинтерн“ да прерасне во платформа, односно решение кое ќе им помага на милиони студенти од светот да ја започнат својата кариера. Во моментот платформата има повеќе од 2.500 регистрирани студенти и дипломци, околу 120 компании и околу 130 огласи, вели Димитар Митревски, основач на платформата.

„Модерниот номад“ готви јадења на примитивен начин под отворено небо. Бургер од 9 килограми, говедско на камен, пилешко на отворен оган, леб под вршник, се само дел од рецептите. „Gonev - The modern nomad“ е профил на социјалните мрежи на кој се подготвуваат јадења на старомоден, примитивен начин, во природа. Специјалитетите што ги подготвува главниот актер се спремаат целосно под ведро небо, на дожд, покрај река, водопади, шуми...

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема