X
 11.06.2021 Забава

Се организира седумдневно крстосување посветено на „Пријатели“

Серијата „Пријатели“ заврши пред повеќе од една деценија, но многумина редовно ги гледаат епизодите и денес. Наскоро, обожавателите на оваа серија ќе може да резервираат крстосување посветено на серијата.

Туристичката агенција „Фана ворлд травел“ ќе организира крстосување посветено на „Пријатели“ од 15 до 21 мај наредната година.



На бродот ќе има место за 500 обожаватели, а патувањето ќе почне во Флорида. Во текот на крстосувањето се предвидува застанување на места во САД и во Мексико.Ќе има забава во која сите гости ќе се облекуваат како ликовите во „Пријатели“, а и натпревар поврзан со факти од серијата и други активности што ќе бидат поврзани со серијата.

Цените за крстосувањето се од 1.649 долари, па нагоре, а најскапата соба, која вклучува и балкон, чини 3.049 долари. Во цената се вклучени интернет, пакет со пијалаци, како и ваучер за екскурзии.

Не се очекува да се појави некој актер од серијата за време на крстосувањето.

Извор: Insider
Фото: Прнтскрин/Instagram

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава