X
 12.02.2017 Култура

Сите телохранители на Папата се од Швајцарија - Факти за Ватикан

Сите знаеме дека Ватикан е дом на папата и седиште на Римокатоличката црква. И секако, сите сме слушнале за Сикстинската капела и базиликата Свети Петар.

Секако, овие се генерални факти за Ватикан познати за секој човек. Меѓутоа постојат и многу други факти и интересни податоци за Ватикан, кои сигурно не сте ги знаеле.

1. Ватикан е најмалата држава во светот

Ватикан може да освои титула за неколку суперлативи - некои тврдат дека е дом на најпознатите уметнички дела, други велат дека е најдуховното место во светот на католиците. Меѓутоа, Ватикан е и најмалата држава во светот, со површина од 44 хектари.

Со 842 жители, ова е и најмалта земја по население. Иако најмала, оваа држава има своја железничка станица, радио станица, знаме и химна, а има и свои евра (монети со слика од главата на папата).

2. Помлада е отколку што мислите

Католичката црква е присутна долго време, меѓутоа тоа не важи и за Ватикан. Всушност, оваа земја постои од 1929 година со потпишувањето на Латеранскиот договор, кој ја признава како независна држава.

Интересно е тоа што Бенито Мусолини, шефот на италијанската влада во тоа време, бил потписник на овој договор за да го официјализира сето тоа.


Фото: Pixabay

3. Ватикан е единствената земја на листата на УНЕСКО за светско наследство


Можеби Италија има најмногу места на листата на УНЕСКО, меѓутоа Ватикан е единствената земја која се најде на оваа листа.

4. Никој не е роден граѓанин на оваа земја

Потребно е многу повеќе од тоа да бидете родени во Ватикан за да бидете граѓанин. Вие, мора да работите во оваа земја. Тука, државјанството не е загарантирано со раѓање, туку го добиваат оние кои се вработени во неа.

Доколку ја изгубите работата, тогаш го губите и државјанството, а сите оние кои не се државјани на било која друга држава, автоматски стануваа Италијани.

5. Ватикан е земјата со најмногу луѓе што пијат вино

И покрај својата мала популација, Ватикан успеа да се најде на врвот на листата држави кои најмногу консумираат вино. Според неодамнешното истражување спроведено од Институтот за вино, во просек, еден жител на Ватикан пие околу 54.26 литри годишно.

6. Ватикан не бил секогаш дом на Папата

Пред Ватикан, папите живееле во Латеранската палата на спротивната страна на Рим. Во 1309 година, папскиот суд се преселил во Авињон во Франција, и седум папи владееле од таму. После нивното враќање во Рим во 1377 година, Латеранската палата била уништена во пожар, а папството било преселено во Ватикан.

7. Сите телохранители на Папата се од Швајцарија

Основано во 1506 година од страна на папата Јулиј Втори, папската швајцарска гарда е одговорна за безбедноста на Папата. За да се добие оваа работа, вашето CV мора да го вклучува следново: католик, слободен, маж, помеѓу 19 и 30 години, најмалку 174 метри висок, и швајцарски државјанин како и основна швајцарска воена обука. 

8. Со 1.5 криминални дела по глава на жител, Ватикан ја има највисоката стапка на криминал во светот

Важно е да знаете, дека најголемиот криминал кој се случува во оваа држава е ситната кражба. Со оглед на многуте туристи, Ватикан е рај за сите ситни џебни крадци. Некои тврдат дека стапката е висока бидејќи нема долгорочни затвори.

Сепак, не може да се каже дека немало поголеми злодела. Во 2007 година, Ватикан го доживеал својот прв криминал поврзан со дрогата, откако било пронајдено дека вработен во Светата Столица поседувал кокаин. Во 1998 година пак, новиот назначен командант на швајцарската гарда на Папата бил убиен заедно со сопругата во нивниот стан.

9. Банкоматите зборуваат на латински


Ватиканската банка е единствена во светот, заедно со банкоматите кои на своите клиенти им се обраќаат на латински.

10. Тајните ватикански архиви и не се толку тајни

Откако Папата Лав XIII им дозволил на научниците да ги посетат тајните архиви на Ватикан во 1881 година, тие повеќе не биле толку тајни. Денес, само акредитираните истражувачи и научници имаат пристап до документите.

А постои многу материјал за читање - постојат документи во период од повеќе од 1000 години.

11. Базиликата Свети Петар е една од најголемите цркви во светот...

...но не секој кој ја посетува доаѓа за духовни причини. Деталите од злато, мермерните столбови, познатите статуи, сликите на кои се прикажани божествени суштества и ремек делата од познатите уметници како Микеланџело и Бернини се  само дел од работите кои ги привлекуваат туристите.

12. Тука постојат најголемите уметнички колекции во светот


Основана од страната на папата Јулиј II во почетокот на 16 век, куќата на Ватиканските музеи е дом на најголемите уметнички колекции во светот. Музеите имаат околу 70.000 дела.

13. Микеланџело не бил воодушевен со работата на Систинската капела

Микеланџело бил во неговите триесетти години и работел на мермер гробот на Папата Јулиј II, кога од него било побарано да го украси таванот на Систинската капела. Сепак, тој не бил воодушевен од оваа можност бидејќи се сметал себеси за скулптор, а не за сликар.

Прифатил и со години ги изработувал легендарните фрески.

14. Средата е најдобриот ден кога можете да го сретнете Папата


Додека постојат неколку можности да го видите Папата, секоја среда во околу 10.30 часот, тој се вози низ плоштадот Св.Петар и ѝ се обраќа на јавноста на многу јазици.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура