X
 12.02.2021 Образование

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при УКИМ на тема „Истражување на пандемиите низ хуманистичките и општествените науки“

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од 15 до 19 февруари 2021 ја одржува третата по ред Меѓународна недела. Оваа година настанот се одржува онлајн, а темата е „Истражување на пандемиите низ хуманистичките и општествените науки“. На настанот свое предавање ќе имаат десет професори од универзитети од Канада, Израел, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Холандија, Полска и од Словачка.
На настанот, исто така, ќе биде промовиран и Еразмус-проектот „Развој на нов софтвер за психомоторна ре-едукација на деца со аутизам“ од страна на координаторот од универзитетот Чанаккале од Турција, проект во чија реализација како партнер учествува и Филозофскиот факултет.

Темите на предавањата се поврзани со пандемиите, но нивниот фокус е насочен кон ретко коментирани аспекти или перспективи во јавниот дискурс. Дел од насловите на предавањата се: „Општествениот живот и пандемиите: белешки за био-општественоста на инфекцијата“; „Класичниот мит и неговото прифаќање како одговор на криза“, „Карактерното образование во време на пандемија“, „Психолошкиот контекст на прифаќање на конспиративни верувања за време на пандемијата“, „Одговорот на социјалната политика на Ковид-19“ и др. Оваа година предавачите се од дисциплините: филозофија, класични студии, историја на уметност и археологија, социологија, педагогија, психологија и социјална политика. Целата агенда за настанот е достапна на: http://fzf.ukim.edu.mk/international-week/

Настанот е наменет за сите студенти на сите три циклуси на студирање при Филозофскиот факултет. Но бидејќи оваа година се организира преку онлајн-платформа, поканети се сите заинтересирани што сакаат да слушнат предавања на овие теми и секако да се вклучат во дискусија за нив. Предавањата се секој ден (понеделник до петок) со почеток во 13 и 15 часот. Приклучувањето на предавањата е преку линкот: https://zoom.us/j/94844621798

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование