X
 12.05.2025 Живот

Колку долго требало да се работи во Југославија за да се купи автомобил?

Дури и во последните години од поранешната држава, кога по југословенските патишта се движеле стотици илјади возила од марката „застава“, возниот парк не бил млад, а безбедноста во сообраќајот не била на завидно ниво. Фактите покажуваат дека понудата била скромна, а за најевтиниот од сите модели „југо“ – „корал 45“, требало да се работи дури 30 месеци. А тоа, сепак, бил вториот најевтин автомобил на пазарот.

Најдостапен бил „фиат 126“, познат како „пегла“, за кој биле доволни „само“ 19 просечни плати.

Еден месец повеќе морал да издржи работникот ако наместо „југо“, сакал да вози „шкода 120Л“, а 35 просечни плати биле потребни за купување „рено 4“.

Најевтиниот компактен семеен автомобил бил автомобилот „застава 101“, за која биле потребни 38 плати, а потоа следувале руските гордости: „алеко“ за 42 и „лада самара“ за 54 плати.

Средната класа барала повеќе. На пример, за „југо флорида“ требало да се работи 75 месеци, а за „фолксваген голф 2“ дизел цели 96 месеци или осум години. 

„Рено 19“ и „фиат типо“ биле уште поскапи.

Потоа следува елитата, односно автомобилите кои ретко се гледале на улиците. Приказната ја отвора италијанската убавица „алфа 164“ со фантастичниот В6 мотор, чија цена била еднаква на 322 просечни плати. Уште поскапи биле „опел омега“ и „рено 25“, исто така со познат В6 мотор. За „рено 25“ работникот во Југославија морал да одвои 404 месечни плати, што е речиси сè што би заработил во целиот свој работен век. А само неколку години подоцна овој модел драстично изгубил на вредност.

На самиот врв се наоѓале две германски автомобили. „Бе-ем-ве 750ил“, продолжена верзија со В12 мотор, било вредно 912 просечни плати, што е точно 76 години работен стаж.

Најскапиот автомобил на тогашниот пазар бил „мерцедес 40 СЕК“, за кој биле потребни 1.231 месечни плати или повеќе од 102 години работа.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот