X
 12.09.2019 Технологија

Возовите од британската железница ќе работат на соларна енергија

Возовите се едни од најчистите и најефективни превозни средства. Поради климатските промени, мора да се насочиме на ова превозно средство. Соларната енергија може да стане главниот извор на замена на зависноста од фосилните горива и напојување на станиците.

Возовите можат да бидат ефективен начин за користење на соларната енергија. Тие се поефикасни во употребата на горивото во споредба со патниот транспорт. Постои можност возовите во иднина да работат на обновлива енергија добиена од соларните панели.

Светлата и сигналите од националната железничка станица во Јужна Англија веќе користат соларна енергија. Станува збор за тест-проект, но ако биде успешен, ќе докаже дека соларната енергија може да обезбеди електрична енергија директно до железничките влечни системи.

Проект

Проектот беше лансиран на 23 август. Соларен панел во Алдершот во Хемпшир ја заобиколува националната електрична мрежа, а бил поврзан и со дополнителен трансформатор. Освен тоа, истражувачите се обидуваат да добијат дополнителни податоци за да дознаат начини како повеќе возови да се вклучат во извори на многу поголеми соларни низи.

Проектот е дело на „Рајдинг Санбимс“, компанија што обезбедува финансиски средства од одделот за транспорт. Компанијата се обидува да овозможи дополнителни средства за веќе постојните истражувања, според кои, линиите за метроата, трамваите и возовите можат да бидат поврзани директно со соларни панели и можат значително да придонесат за нивните потреби од електрична енергија. Ова е првпат железничките системи да бидат снабдени со соларна енергија.

Со соларната енергија железничките станици може да ја намалат нивната зависност од електрична енергија што се добива со согорување на фосилни горива. Ова значително ќе ги намали трошоците на возовите и ќе помогне во справувањето со климатските промени.

Овој најнов проект е оптимистичен дека до 2020 година ќе успее да го изгради и ќе ја поврзи британската железница со првиот соларен проект во светот. Освен тоа, проектот ветува дека ќе создаде чист и обновлив извор на енергија за пониска цена.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија