X
 29.05.2017 Култура

Филмски феситвал во Кан: Златна палма за шведскиот филм „The Square“

филм
Фото: Reuters

Сатиричниот филм на Швеѓанецот Рубен Остлунд синоќа ја освои Златната палма на 70-от филмски фестивал во Кан, објави жирито на чело со шпанскиот режисер Педро Алмодовар.

Филмот се исмејува со светот на уметниците како и со малите и големите подлости на богаташите кон мигрантите, бегалците и бездомниците.



Софија Копола ја освои титулата за најдобар режисер за нејзиниот филм „The Beguiled“, Хоакин Финикс за филмот „You Were Never Really Here“ ја освои наградата најдобар актер, а наградата за најдобра актерка отиде во рацете на Даен Кругер за филмот „In the Fade“.

Никол Кидман доби специјална награда.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура