X
 12.12.2015 Образование

Како да напишете одлично мотивациско писмо?

Секој кој некогаш се пријавувал за одредено работно место или пракса ги знае маките кои може да се родат при составувањето на мотивациското писмо. Како да се претставите најдобро, а да не звучите лошо?

При изборот на кандидатите, се нема милост. Секоја грешка може да биде доволна за да бидете елиминирани. Во најдобар случај, со вас конкурираат уште најмалку десетина кандидати. Конкуренцијата е огромна. Поради тоа, мотивациското писмо е многу важно бидејќи може да биде пресудно.

Како изгледа добро мотивациско писмо?


Доколку барате работа, шансите се големи дека ќе се пријавите за пповеќе места. Но, ова не смее да се види на мотивациското писмо. Вашето писмо мора да биде наменето кон работодавецот кому е пратено. Во овој случај, „Google“ ви е пријател. Пребарајте го работодавецот, дознајте со што се занимава и кои се целите. Така ќе може да составите писмо кое ќе ви даде предност над останатите кандидати. Ќе знаете кои искуства, вештини и квалитети да ги нагласите.

Што може да работите?

Пожелно е да наведете во писмото што и како би работеле за работодавецот. Тука ги наведувате вештините и квалитетите. Вклучете конкретни детали и предлози. Напишете како би работеле и зошто тоа е добро. Не се плашете од критика. Доколку покажете дека имате конкретни идеи и ја разбирате работата за која се пријавувате, шансите за добивање интервју за работа се поголеми.

Кажете им зошто сте ги избрале

Во мотивациското писмо се претставувате некому кој не ве познава. Секако дека треба да пишувате за себе, но вклучете и нешто за нив. Зошто сте ја одбрале токму таа компанија? Зошто се гледате на тоа работно место?

Стил

Внимателно одберете го стилот на пишување. Доколку компанијата и работата се сериозни, бидете и вие. Најдобро е да пишувате во стилот на кој е напишал огласот и текстот на интернет-страницата на компанијата. Не вклучувајте непотребни информации за себе и не се шегувајте.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование