X
 12.12.2022 Образование

Каде во Европа има најмногу млади со универзитетска диплома?

Во поголемиот дел од Европа процентот на млади лица што имаат универзитетска диплома е помал од 50 отсто.

Мапа на „Лендгајст“ покажува дека во поголемите градови има повеќе високообразовани млади лица во споредба со помалите места. Лондон е регионот со највисок процент на млади лица со универзитетска диплома - 77,2 отсто во западниот дел од градот и 75,9 отсто во источниот дел.

По Лондон следува регионот Состинс во Вилнус, Литванија, каде што 73,4 отсто од младите лица имаат универзитетска диплома.



Гледано по земји, Луксембург и Кипар имаат најголем процент на млади луѓе со универзитетска диплома.

Од друга страна, Романија има најмал процент на млади луѓе со универзитетска диплома, а во речиси секој регион од оваа земја помалку од 25 отсто од младите имаат диплома.

Мапата покажува дека во Македонија процентот на млади со диплома се движи од 35 до 45 отсто.

Извор: Landgeist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование