X
 14.03.2022 Култура

Ова се победниците на филмските награди БАФТА

Оваа година БАФТА се одржа со физичко присуство, првпат од почетокот на пандемијата, а Ребел Вилсон беше домаќин на церемонијата.

Додека доделувањето на наградите во 2021 година беше одложено со недели, а номинираните и публиката присуствуваа виртуелно, најголемата филмска вечер во Британија се врати со црвен тепих за најѕвездените имиња во кинематографијата.

Научнофантастичниот еп „Дина“ на Денис Вилнев предводеше оваа година со 11 номинации, а веднаш потоа следуваше вестернот „Моќта на кучето“ на Џејн Кемпион, кој собра вкупно осум номинации.

Во продолжение погледнете ја листата со победници.

Најдобар филм

„Белфаст“
„Не гледај нагоре“
„Дина“
„Ликориш пица“
„Моќта на кучето“ - ПОБЕДНИК

Најдобар режисер

Алим Кан, „По љубовта“
Рјусуке Хамагучи, „Вози го мојот автомобил“
Одри Диван, „Случување“
Пол Томас Андерсон, „Ликориш пица“
Џејн Кампион, „Моќта на кучето“ - ПОБЕДНИК
Џулија Дукорноу, „Титан“

Најдобро оригинално сценарио

Арон Соркин, „Да се биде Рикардо“
Кенет Бранаг, „Белфаст“
Адам Мекеј, „Не гледај нагоре“
Зак Бејлин, „Кралот Ричард“
Пол Томас Андерсон, „Ликориш пица“ - ПОБЕДНИК

Најдобро адаптирано сценарио

Сиан Хедер, „КОДА“ - ПОБЕДНИК

Рјусуке Хамагучи, „Вози го мојот автомобил“
Ерик Рот, Јон Спаитс, Денис Виленуеве, „Дина“
Меги Џиленхал, „Изгубената ќерка“
Џејн Кампион, „Моќта на кучето“

Најдобра актерка во главна улога

Лејди Гага, „Куќата на Гучи“
Алана Хаим, „Ликориш пица“
Емилија Џоунс, „КОДА“
Ренате Реинсве, „Најлошата личност во светот“
Џоана Сканлан, „По љубовта“ - ПОБЕДНИК
Теса Томпсон, „Поминување“

Најдобар актер во главна улога

Адел Акхтар, „Али и Ава“
Махершала Али, „Песната на лебедот“
Бенедикт Камбербач, „Моќта на кучето“
Леонардо ди Каприо, „Не гледај нагоре“
Стивен Грахам, „Точка на вриење“
Вил Смит, „Кралот Ричард“ - ПОБЕДНИК

Најдобра актерка во споредна улога


Катрина Балф, „Белфаст“
Џеси Бакли, „Изгубената ќерка“
Ариана Дебос, „Приказна од западната страна“ - ПОБЕДНИК
Ан Довд, „Маса“
Онжано Елис, „Кралот Ричард“
Рут Нега, „Поминување“

Најдобар актер во споредна улога

Мајк Фаист, „Приказна од западната страна“
Цириан Хиндс, „Белфаст“
Трој Котсур, „КОДА“ - ПОБЕДНИК
Вуди Норман, „Ајде, ајде“
Џеси Племонс, „Моќта на кучето“
Коди Смит-Мекфи, „Моќта на кучето“

Најдобар британски филм

„По љубовта“
„Али и Ава“
„Белфаст“ - ПОБЕДНИK
„Точка на вриење“
„Цирано“
„Сите зборуваат за Џејми“
„Куќата на Гучи“
„Минатата ноќ во Сохо“
„Нема време за умирање“
„Поминување“

Најдобар анимиран филм


„Енканто“ - ПОБЕДНИК
„Бегство“
„Лука“
„Мишел наспроти машините“

Останатите номинации можете да ги погледнете ТУКА.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура