X
 14.06.2022 Образование

Прогласени најдобрите универзитети во светот за 2023 според „Кју ес“

Британскиот институт „Квакарели Симондс“ (QS) секоја година објавува ранг-листа со најдобрите универзитети во светот. Минатата недела беше објавена листата за 2023 година, на која се рангирани речиси 1.500 институции од целиот свет.

На врвот на листата се наоѓа Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), САД. На второто место е Универзитетот во Кембриџ, Обединето Кралство, а по него е „Стенфорд“, САД. а потоа следува „Харвард“. Помеѓу најдобрите универзитети за 2023 е и Универзитетот во Оксфорд, „Харвард“ како и американскиот Технолошки институт во Калифорнија (Калтек).

Од регионот, најдобро рангиран универзитет е Националниот технички универзитет во Атина, кој се наоѓа на 422. позиција. На листата нема универзитет од Македонија.

Најдобри 10 универзитети во светот за 2023 г. според „Кју- Ес“ се:

1. Технолошки институт во Масачусетс, САД
2. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
3. Универзитет „Стенфорд“, САД
4. Универзитет во Оксфорд, Обединето Кралство
5. Универзитет „Харвард“, САД
=6. Технолошки институт во Калифорнија, САД
=6. Кралски колеџ „Лондон“, Обединето Кралство
8. УЦЛ, Обединето Кралство
9. ЕТХ Цирих - Швајцарски федерален технолошки институт, Швајцарија
10. Универзитет во Чикаго, САД

Извор: Top universities
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование