X
 14.09.2020 Образование

Уписите на Скопје Метрополитен колеџ се во тек

Биди и ти дел од престижниот Лондон Мет и стекни се со високо вреднувана британска државна диплома

Првпат македонски студенти имаат можност да студираат и да се стекнат со британска државна диплома и тоа во Скопје. Преку соработката на Скопје Метрополитен со престижниот Лондон Метрополитен универзитет сега можете да се стекнете со светски највредната диплома.

Уписите се веќе почнати, а сите заинтересирани лица што сакаат да бидат дел од првата генерација македонски студенти на Лондон МЕТ имаат можност преку врвен образовен процес, скроен по британски терк, да се стекнат со врвно знаење и експертиза и да учат под менторство на реномирани светски професори. Бидете дел од успешната приказна на многу студенти во светот.



Лондон MET е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите и извонредноста на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на секој иден студент во светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување практични вештини и едукација преку богатата библиотека на книги и трудови од сите реномирани лица што се вклучени во процесот на Лондон Мет. Дипломата стекната на Лондон MET е високовреднувана и препознаена во светот. За тоа сведочат и огромниот број студенти, кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании.



Поради ситуацијата со Ковид-19, оваа година сите студенти ќе можат да ја следат наставата онлајн, а веќе од наредната година, доколку работите се вратат во посакуваната нормала, наставата ќе продолжи на кампусот, кој е веќе во подготовка.

За повеќе информации околу студирањето на Лондон Мет во Скопје посетете ја страницата www.skopjemetropolitan.edu.mk или јавете се на 023140004

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование