X
 14.10.2019 Образование

Американците би се откажале од одмор ако работодавецот им го исплаќа студентскиот кредит

Американските работници имаат рекордни студентски долгови и би сакале тие да исчезнат пред да заминат на одмор. Дури 63 проценти од Американците со студентски долгови што барале работа рекле дека би се откажале од платен одмор во замена за помош при исплаќањето на студентските кредити, покажува ново истражување на „Зип рекрутер“. Во испитувањето биле вклучени 10.500 активни баратели на работа во САД.

Просечното време за одмор од кое би се откажале луѓето во замена за олеснување од долговите е 2,3 месеца, но речиси четвртина од испитаните работници би се откажале од 5 месеци платен одмор во замена за помош со долговите.

Додека само една десетина од огласите на „Зип рекрутер“ рекламираат помош при исплаќање студентски долг, од компанијата истакнале дека популарноста на оваа предност се зголемува. Големите компании сега имаат некаков вид програма за ослободување од студентски долгови за вработените.

- Големата слика е дека студентските кредити се голем притисок за барателите на работа - вели Џулија Полак, трудов економист.

Денес просечниот студентски долг за дипломец од 2018 година што зел кредит е 29.800 долари и вкупниот национален студентски долг сега надминува 1,5 милион долари.

Студентските кредити се толку големи, што ги принудуваат позајмувачите да поднесат документи за банкрот. И околу 40 отсто од позајмувачите не би можеле да ги исплатат студентските кредити до 2023 година.

Уште потешко е да се исплатат долговите со сè поголемите животни трошоци и последиците од големата рецесија. Тоа е една од клучните причини поради кои милениумците ги одложуваат животните настани како купување дом и имање деца.

Товарот е толку стресен, што речиси половина од задолжените милениумци мислат дека колеџот не вредел за студентските кредити, покажуваат испитувањата.

Но, иако идејата за дозволување на работодавците да им ги исплаќаат кредитите на работниците звучи добро, откажувањето од одморот поради тоа може и не е толку добра идеја. Просечната рата за студентски кредит е 393 долари, додека медијаната на неделната плата за работниците со полно работно време е 908 долари, што значи дека откажувањето од одморот може да значи загуба на пари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование