X
 24.02.2015 Култура

Филмот кој само за неколку дена го изгледаа 100 милиони Кинези

Дали во Кина е во ред човек да биде хомосексуалец? Одговорот побарајте го во филмот во кој синот на своите родители им признава дека е хомосексуалец. За краток период, 100 милиони Кинези го погледнаа филмот.

 

филм


Кинеската Нова година е празник кога милиони Кинези се собираат со своите семејства на свечен ручек. Најчесто баш во ова време децата на своите родители им соопштуваат важни одлуки.

Секако, тука се и одлуките да им се соопшти дека некој е хомосексуалец, ужасна вест за секој родител. Филмот „Coming home“ трае седум минути и ја раскажува приказната за момчето Фанг Чао кое си доаѓа дома за Нова година и на своето семејство му признава дека е хомосексуалец. Неговото семејство се одрекува од него и две години не му зборува.

На крајот на филмот, ги гледаме мајките на хомосексуалците како ги советуваат другите родители кои го имаат истиот проблем - да не дозволуваат традиционалниот поглед кон бракот да биде пречка меѓу нив и нивното дете.

Овој краток филм стана вистински хит во Кина. На една од најголемите кинески социјални мрежи „QQ“, филмот беше прегледан од преку 100 милиони луѓе.

Филмот предизвика поделени реакции. Некои го поддржуваат Фанг, други го критикуваат, додека има и такви кои велат: „Се` е тоа во ред, меѓу хомосексуалците има прекрасни луѓе... се` додека тие не се мои деца“.

Еден од луѓето кои стои позади овој филм е А Цјан, кој и самиот е хомосексуалец.

„Мојата мајка почина во 2006 година и не добив можност да и` кажам дека сум геј. Тоа страшно ме растажува“, вели Цјан.

И покрај цензурата на интернет која владее во Кина, Цјан вели дека социјалните мрежи имаат голема улога во решавањето на предрасуди за хомосексуалноста.

Извршните директори на „QQ“ на Цјан му рекле дека не можат да го стават филмот на насловната страна бидејќи е премногу „про-геј“. Но, само после неколку денови филмот ги сруши рекордите во гледаност, и сепак бил ставен на насловната страна. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура