X
 10.05.2015 Образование

Не смеете да се откажите од учењето!

Дали имате забележано дека секоја следна задача на работа прави да се чувствувате се` повеќе изгубено?

 

учење


Повеќето луѓе се` почесто се соочуваат со вакви околности, но нема причина за грижа. Тоа денес е сосема нормално. Живееме во доста динамично опкружување, дневно примаме многу информации, а бидејќи се` се менува толку брзо, тешко е да бидете во чекор со сите промени.

Од споменатото погоре произлегува и една, можеби тешка вистина, а тоа е дека ако сакате да напредувате во работата и воопшто во животот, не смеете да престанувате да се усовршувате.

Постојаното учење ќе ве доведе до добри резултати


Можете да бидете успешни во она што го работите само ако за тоа го имате знаењето кое ви одговара. Денес процентот на високообразовни луѓе е доста висок, што значи дека морате да бидете исклучителни ако сакате да се издвоите од масата. Ако не сте меѓу најдобрите, да знаете дека за брзо време ќе се појави некој кој е многу подобро подготвен за работа од вас и притоа има волја да ја работи. Просечноста не се цени, затоа научете да бидете најдобри.

Постојаното учење ќе ви помогни да се ослободите и да ја напуштите вашата зона на удобност

Праксата покажува дека најуспешните се токму оние поединци кои секогаш се подготвени да излезат од својата сигурна и удобна зона. ТИе идат во пресрет на нови предизвици, преземаат ризици и постојано откриваат нови работи. Ваквиот став и начин на живот е нивно секојдневие. Со други зборови, луѓето стануваат успешни тогаш кога успеваат да ги поместат сопствените граници. Откривањето на новото претставува единствен начин да се излезе од удобната зона. Чекорот во непознатото често пати знае да биде страшно, но затоа е тука учењето. Учењето, односно знаењето, секој човек може да го подготви за промена и да го поттикне да ги преземе првите чекори кон успехот.

Постојаното учење придонесува за подолг и поздрав живот

Низ светот направени се бројни демографски истражувања кои покажуваат дека, верувале или не, постојаната ментална активност претставува клучен фактор за подолг и подобар живот. Докажано е дека здравствените проблеми, како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест или состојбите проследени со губење на помнењето, се помалку застапени кај луѓе кои ја негувале нивната ментална активност. Имајте на ум дека пребарувањето на различни поими на интернет не се смета за ментална активност, иако можеби е забавна. Одличен пример за ментални активности е учењето на нов странски јазик.

Постојаното учење придонесува поквалитетни врски


Овој факт не бара многу објаснување. Логично е дека кога сте начитани и знаете многу теми, ќе ви биде полесно да се поврзете со другите луѓе. Знаењето и интересирањето ве спојуваат. Со самото тоа, вашите односи со другите се побогати. Замислете на момент дека сте посетувале курс за лична мотивација. Исто тка, замислете дека на вашите пријатели им се потребни совети од таа област. Логично е вашите односи да се придобијат благодарение на тоа што вие сте во можност да го споделите со нив новостекнатото знаење и да им помогнете да останат мотивирани.

Знаењето прави да се чувствувате добро

Нема подобро чувство од она кога ќе сфатите дека знаете многу интересни работи. На пример, замислете дека сте патувале на дестинација која никогаш не сте ја посетиле, а без оглед на тоа, ги препознавате местата кои ги сретнувате. И не само што ги препознавате, туку и ги познавате: нивната историја, знаменитости, културното наследство итн.

Јасно е дека учењето нуди бројни предности и гарантира среќа и личен развој. Затоа, не се откажувајте од учењето и новите можности кои ќе ви се укажат. И не се грижете, не е толку тешко колку што се чини. Кога еднаш ќе тргнете по патот на знаењето и усовршувањето, повеќе нема да можете да престанете.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование