Учењето нов јазик носи многу поволности, како подобрување на работата на мозокот, поголемо знаење на културата и повеќе можности за вработување. Луѓето честопати се откажуваат од учењето нов јазик поради недостаток на време. Меѓутоа, учењето јазик не мора да одзема многу време. „Lifehack“ направија одличен водич со стратегии и методологии за брзо учење странски јазик. Што порачуваат тие?
Искористете го она што веќе го знаете
Веројатно веќе знаете одреден странски јазик, поради што учењето нов јазик ќе ви биде полесно. На пример, доколку сте учеле француски јазик, полесно ќе ви биде да го научите шпанскиот од другите.
Научете ги кратенките
Во секој јазик има трикови и кратенки кои може да ви помогнат побрзо да го совладате. Искористете слична реченица со различна структура за да научите како се составува реченица, како се користат директен и индиректен предмет, како да разликувате машки од женски зборови и менување во времиња.
Запомнете ги најчестите зборови
Експертите сметаат дека потребно е да запомните приближно 500 најчести зборови за да разбирате 60% од јазикот. 60% е сосема доволно за почеток, не?
Слушајте го јазикот
Кога учите нов јазик, ваша цел треба да биде слушање на јазикот што повеќе. Гледајте ТВ на јазикот или филмови, а се препорачуваат и читање книги, па дури и размислување на новиот јазик.
Направете план за учење
Користете календар и аларми за да се потсетите дека треба да учите. Учењето нов јазик бара труд и упорност и само редовното може да ви донесе добри резултати.
Користете го јазикот
Најголемата грешка што ја прават луѓето кога учат нов јазик е тоа што не го користат, иако го разбираат. Исто како возењето велосипед, најбрз начин за да научите е да се обидете да го користите.