X
 21.03.2018 Култура

Саудијките повеќе не мора да носат црна облека


Муслиманка со хиџаб
(Фото: Pixabay)


Жените во Саудиска Арабија не мора повеќе да носaт црна абаја, облека или фустан во црна боја која го прекрива целото тело освен лицето, „сè додека нивната облека е пристојна и респектабилна“, изјави саудискиот престолонаследник, принцот Моамер бин Салман.

„Законите се многу јасни, а според шеријатските закони, се предвидува жените да носат пристојна облека како и мажите. Меѓутоа, тој пропис не прецизира дека абајата или марамата за главата треба да бидат во црна боја“, рече принцот во своето интервју за Си-би-ес.

Тој додаде дека одлуката каков вид пристојна облека ќе носат зависи исклучиво од жените.

Висок верски функционер минатиот месец истакна дека жените треба да се облекуваат скромно, но дека не мора нужно да носат абаја.

Последните години саудиските жени почнале да носат абаи во други бои, светлосини и розови, што е во контраст со традиционалната црна боја.

Отворените абаи преку долгите здолништа или фармерки исто така станале вообичаени во некои делови од земјата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура