X
 12.09.2015 Култура

Иран пред револуцијата

Оние кои не знаат како Техеран или целата држава Иран изгледа, веројатно мислат дека земјата, народот и културата се слични на соседните земји на Блискиот Исток.

 

иран


Но, кога ќе ги погледнете овие фотографии, ќе бидете шокирани кога ќе го видете неговото „западњачко“ минато.

Децении пред Исламската револуција во 1979 година, земјата била водена од кралот Мухамед Реза Пахлави, познат кко Шах. Покрај политичките органичувања, тој го насочи изгледот на земјата и неговиот народ кон западниот начин на живот - од мода до образование.

Во 1960-тите, Шах започнал со програмата која вклучувала земјоделски реформи, развој на комерцијални и индустриски инфраструктури и образование. Резултатите се евидентни за време на неговиот режим, а во негово време бил и воспоставен најдолгиот булевар во Техеран, како и Авенијата Валиаср, за да ги поврзи Пахлави комплексите, вклучувајќи ги палатите и луксузните куќи до железничката станица на градот.

Денес, во Иран постои полова сегрегација која се спроведува во јавноста, вклучувајќи ги училиштата, спортските центри и јавниот превоз. За врема на владеењето на Шах, сегрегацијата била поништена, а проширувањето на правата на жените било дел од реформите.  Но, не сите се согласуваа со владеењето на Шах, особено оние кои цврсто веруваа во традицијата. После падот на Шах, Иран се претвори во типична Исламска држава.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура