Црна Гора од доменот .ME во 2014 година заработила 2.721.858 евра, а во првите два квартали оваа година, заработи 1.685.509 евра. Бројот на корисници на најбрзо растечкиот домен на светската интернет сцена од ден во ден се зголемува, а моментално се регистрани околу 812.000 домени.
„Бројот на регистриани домени не е намален, туку постојано се зголемува и моментално изнесува 812.000 домени. Точно е дека е се` потешко да се одржи нивото на регистрација кој доменот .МЕ го имаше претходните години, меѓутоа тоа делумно се должи на големата економска криза. За жал, таа дојде во најлошиот можен момент за .МЕ доменот (неколку месеци после започнувањето), бидејќи сите долгорочни планови, проекции и анализи на пазарот се направени пред почетокот на кризата“, вели Предраг Лешиќ, директор на компанијата doMEn.
Како најскап домен е еден домен продаден за 70.000 долари и тоа на аукција на T.R.A.F.F.I.C конференцијата одржана во Њујрок во 2008 година.
Во 2014 и 2015 година не биле организирани акуции бидејќи овој метод на алокација на методот се чинел за неисплатлив на подолг рок.
„Нашата цел не е исклучиво еднократно наплатување за одреден домен на аукциите, а со тоа не е нашата цел само растењето на домените. Ние сакаме да поттикнеме пласирање на квалитетна содржина на премиум домените, а тоа е нешто што не е баш загрантирано доколку домените се регистрираат на аукциите, вели Предраг.
Едноставно кажано, повеќето домени кои се доделуваат на крајниот корисник, компанијата сака да бидат претворени во успешни производи кои ќе послужат како маркетиншки алат.
На прашањето колку држави денес го користат доменот .МЕ, Лешиќ објаснува дека за нив главната мерка на раст и успех не е бројот на претплатници, односно корисници, туку број на регистрирани домени, а тоа е околу 812.000.
„Она што можеме да им
го кажеме на корисниците е дека доаѓаат од преку 200 држави итеритории, такашто преку нашите 225 акредитирани партнери го покриваме цел свет“, вели Предраг.