X
 23.09.2015 Образование

ФИНКИ и ТМФ добија нови декани!

Магдески и Чорбев седнаа во деканските фотелји на ТМФ и на ФИНКИ


Проф. Магдески на ТМФ предава на Институтот за преработувачка металургија. На новата функција доаѓа по осумгодишното раководење на проф. д-р Александар Димитров, кој во последниве години успеа многу да ја развие и осовремени оваа високообразовна институција. Димитров ќе биде запаметен по Натпреварот за нанотехнологии кој на негова иницијатива се организира секоја година на факултетот, потоа по воведувањето на новата студиска програма за наноматеријали, а во негово време беа направени два нови амфитеатри и опремени седум лаборатории во кои работат студентите и професорите.

Проф. д-р Магдески пак, бил редовен професор на ТМФ. Ги предава предметите Металургија и метални материјали, физичка металургија 1, Физичка металургија 2, Термичка обработка, Синтерувани метални материјали, Специјални челици како и други предмети. Досега има напишано и објавено 19 научни трудови.

Проф. д-р Чорбев пак, првиот човек на ФИНКИ е роден 1980 година во Охрид и го наследува местото на доегашниот декан проф. д-р Димитар Трајанов. Дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет. Докторирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2009 година. Многупати е наградуван од универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и други организации и фондации, меѓу кои Организацијата на инженерите на Македонија, од која ја добил наградата златен прстен. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје почнал да работи од 2005 година, прво како демонстратор и потоа од 2006 година и како помлад асистент. Звањето асистент го добил во 2008 година, а во 2009 година е избран за доцент. Неговите наставни обврски опфаќале настава по предмети од областа на структурирано програмирање, објектно-ориентирано програмирање, програмски методологии, веб дизајн, компјутерска графика, компјутерска анимација.

Инаку, неодамна првиот човек на Правен факултет „Јустинијан Први" проф. д-р Борче Давитковски си поднесе оставка, поради како што рече, бројни притисоци кои му биле вршени. Таму е во тек процедура за избор на нов декан. На веб-страницата на факултетот, декан се` уште е Давитковски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование