X
 08.10.2015 Наука

Како радијацијата влијае врз животните што живеат близу Чернобил?

Иако чернобилската нуклеарна несреќа имаше катастрофални последици врз локалното население, новото истражување покажува дека дивите животни поминале доста подобро.

 

1


И покрај тоа што повеќе од 100.000 луѓе биле присилени да ги напуштат своите домови после нуклеарната несреќа во 1986 година, на контаминираното подрачје на територија на Белорусија живеат голем број диви животни, срни, диви свињи, елени, волци и други диви животни, открива истражувањето на Татјана Дерјабина и нејзините соработници. Интересно е тоа што бројките покажуваат раст на бројот на овие животински видови, а некои ги има повеќе отколку во неконтаминираната област.

Напуштената област во близина на нуклеарната електрана, се простира на околу 4.750 километри квадратни на територијата на Белорусија и Украина. Радиоактивноста во оваа област е повремено, но дури и 30 години после несреќата многу делови од зоната имаат премногу зрачење за враќање на жителите.

 

2


Среќа во несреќа е тоа што истражувачите имаат единствена можност да ги набљудуваат дивите животни на ова подрачје, но научниците не ја искористите. Истражувањето на Дерјабина и нејзините соработници е важно затоа што е првото лонгитудинално истражување кое се насочува кон долгорочните промени на популацијата на цицачите во ограничена зона.

Постојат неколку истражувања кои го следат зрачењето на помали животински видови како инсектите и пајаците. Истражувањата покажуваат негативен ефект на бројот на единки и имаат значајни импликации за моментално прифаќање на нивото на радијација за луѓето и околината. Но, досега мал број на истражувања ги следело долгорочните ефекти на радијацијата врз поголемите цицачи.

 

2


Дерјабина и нејзините соработници користеле две методи за набљудување на бројот на еден животински вид. Прво тие користеле хеликоптерски преглеи и пребројување во зимските месеци помеѓу 1987 и 1996 година. Потоа ги забележувале трагите од цицачите во снегот помеѓу 2008 и 2010 година. Забележаните резултати споредени се со податоци слични на истражувањата во некои од незагадените природни резервати во Белорусија.

Истражувачите дојдоа до заклучок дека бројот на елените и дивите свињи на подрачјето на чернобилската забранета зона е сличен на животните во четирите белоруски паркови. Бројот на срни и елени е во постојан раст од 1987 година, а само од 1996 година, бројот на срни се зголемил десеткратно. Истражувачите откриле дека има околу 7 пати повеќе волци отколку во другите слични области. Оваа голема разлика во бројките истражувачите ја припишуваат на едноставниот факт што никој не лови волци во близина на Чернобил.

Иако истражувањето фрла светлина врз некои важни факти за дивите животни на оваа област, потребно е да се повтори за да се утврди точноста на собраните податоци како и причините за растењето на бројот на животните. Имено, истражувањето е во спротивност со научно прифатениот факт дека јонизирачкото зрачење е штетно за организмот. Сепак треба да се запомни дека иако зрачењето е штетно за животните, сепак отстранувањето на луѓето е дефинитивно позитивно за борјот на животните во некои области. Исчезнувањето на земјоделието, шумарството и ловот се директен резултат на зголемување на бројот на животните.

Технолошкиот напредок и методите за следење на животните ќе овозможи директен мониторинг на животните и истражувачите ќе мораат да се потпрат на пребројување на бројот на траги во снегот. Дерјабина и соработниците се надеваат дека токму технолошкиот напредок ќе доведе то тоа тие да добијат попрецизни бројки за видот на животните во некои делови од забранетата зона.

Истражувачите се свесни за недостатокот на истражувања, но моментално најдобро приближување до вистинскиот број на животни на оваа област може да помогне во разбирањето на долгорочните ефекти на нуклеарната несреќа на некое подрачје, како што беше несреќата во Фукушима во 2011 година. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука