X
 16.10.2015 Образование

Онлајн-факултети за бизнис

Диплома во бизнис може да биде добра инвестиција. Оваа област може да обезбеди кариера во многу полиња, како анализа на буџети, истражувања на пазарот, финансиска анализа, финансиско советување итн. Областа бара знаење и од математиката, како сметководство, статистики итн. Во продолжение пронајдете некои препорачани онлајн-факултети за бизнис.


„Virginia“

Програмите кои се нудат на овој факултет се направени за студенти кои веќе имаат некакво факултетско или практично искуство, но кои имаат потреба од диплома во областа. За повеќе информации, посетете ја официјалната интернет-страница.

Универзитет „Southern New Hampshire“

Иновативните програми за додипломски и последипломски студии се создадени за соочување со денешните предизвици во бизнисот. Студентите овде учат од најуспешните претприемачи во светот. За повеќе информации посетете ја официјалната интернет-страница.

Меѓународен универзитет „Schiller“

Универзитетот нуди програма за меѓународен бизнис. Студентите имаат курсеви по англиски, економија, наука, математика, странски јазици и бизнис администрација. За повеќе информации посетете ја официјалната интернет-страница.

Универзитетот во Отава

Факултетот за бизнис при универзитетот е познат по своето минато во создавање лидери со технички и аналитички способности. Универзитетот постои 150 години. За повеќе информации посетете ја официјалната интернет-страница.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование