X
 27.10.2015 Култура

Јужна Африка ќе го промени визниот режим

Јужна Африка најави дека ќе ги промени своите контроверзни нови регулативи за визата откако бројот на туристи опадна за 6% на почетокот на оваа година - најголем пад со кој се соочила Јужна Африка во изминативе 6 години.

 

африка


Воведени во јуни, новите правила за влез во Јужна Африка голем број аналитичари ги проценија како „престроги“. Земјата бараше посетителите да аплицираат за виза лично во јужно-африканските амбасади за да им бидат земени биометриски информации. Но, после неколку месеци, Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе ги намали ограничувањата.

„Во земјите кадешто нема јужно-африканска амбасада, Министерството за внатрешни работи ќе добива апликации вклучувајќи и по пошта и ќе зема биометриски информации на патниците на пристигнувањето на пристаниште“, се вели во соопштението на владата.

„Што се однесува до загриженоста во земјите како Кина, Индија и Русија, ќе бидат поставени одредени мерки за да се олесни процесот на аплицирање, особено за туристите“, продолжува соопштението.

Одлуката доаѓа откако претседателот Џејкоб Зума формира комисија во август за да ги истражи извештаите за туризмот кој беше тешко погоден поради промените.

 

Министерот за туризам, Дерек Ханеком вели дека во јули резултатот бил ужасен и покажал „загрижувачки пад“.


Според статистиките на Јужна Африка, туристите од Кина се намалиле за 38% во првиот квартал во споредба со претходниот период во 2014 година.

 

1


Падот од 6% е најголем пад уште од 2009 година, во екот на глобалната финансиска криза. Прописите бараат децата од земјите ослободени од виза да патуваат со изводи на родените заедно со нивните пасоши при влегување или излегување од земјата. Законот предизвика вистинска конфузија, меѓутоа Министерството за внатрешни работи силно ја бранеше мерката бидејќи ова бил единствен начин да се спротистават на борбата против трговија со деца.

Јужна Африка е една од водечките туристички дестинации во Африка, а целта на официјалните лица е да привлечат 12 милиони странски туристи до 2018 година. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура