X
 04.11.2015 Живот

Животот на бегалците откако ќе пристигнат во Германија

„Мислев дека Германија ќе биде рај. Секој мислеше дека штом ќе стигне во Берлин, се` ќе биде во ред“, вели Ахмед Канан.

 

1


Овој 19 годишен сириски бегалец е еден од многуте нови бегалци кои се очекува да влезат во Германија до крајот на годината. Иако младиот човек чувствува дека има среќа што успеал да стигне до Берлин со оглед на тоа што 3.000 починале поминувајќи го Медитеранот оваа година, сега тој не може а да не си го постави прашањето како и многу други бегалци: Што сега?

Европската криза со бегалците е еден од најпроблематичните и најкомплицирани глобални проблеми во 2015 година - милиони луѓе ги оставиле своите родни места кои се уништени од војната, илјадници умреле патувајќи до побезбедно место, а земјите како Австрија и Германија мораат да се справат со приливот на бегалци.

Но како што политичките лидери се обидуваат да решат на кој треба да му се дозволи влез, а на кој не, милиони луѓе продолжуваат да го живеат нивниот најголем кошмар.

Нитуеден бегалец не ја дели истата приказна за тоа како пристигнал во Берлин, и нитуеден бегалец не го делат истото искуство - делат само едно нешто: сите сакаат да започнат нов живот во Европа. Чекањето трае со денови и месеци.

Пред канцеларијата LaGeSo на бегалците им е даден број и им е кажано да чекаат во редици. Тие чекаат од рано наутро до навечер со надеж дека некој ќе ги повика да се регистрираат и да добијат пристап до малку подобро сместување во пренатрупаните кампови во предградието на Берлин. Но нивниот број може да не е повикан со недели, принудувајќи ги бегалците да чекаат на се` постуденото и постуденото време.

 

3


Дури и чекањето е стресно. Бројот на луѓе кои се повикани во текот на денот варира, а ако ја напуштите редицата дури и на само 5 минути, постои можност да ја попуштите шансата за подобро сместување. Плус, тука е и јазичната бариера, расните предрасуди и екстремниот стрес - сето ова претставува една темпирана бомба на емоционална болка и збунетост.

Во текот на викендите, кога канцеларијата е затворена, бегалците често пати се оставени без опции. За да го надоместат недостатокот на владина инфраструктура, обичните граѓани на Берлин формираа локални организации со цел да им обезбедат посигурно сместување, храна и други донации за бегалците.

„Додека патувавме доживеаме несреќа. Патувавме со камион во 40 луѓе. Добив изгореници на ногата од моторот на камионот. Седев на моторот и стануваше се` пожешко и пожешко. Не можев да се движам и да се поместам бидејќи имаше премногу луѓе, а ногата ми гореше цели два часа. Ова се случуваше на границата на Иран и Турција, такашто немаше опции за доктор. Сите ми велеа, оди во Германија, таму има многу доктори, но тука никој не ми помага, а престојуваме повеќе од 2 недели. Нема ни лек. Едноставно сакам место кадешто ќе преспијам и кадешто можам да одам на доктор“, вели еден бегалец.

 

2


„Кога стигнавме во Берлин, побаравме место за спиење. Не` ставија во камп со повеќе од 60 луѓе во една соба. останавме таму 3 ноќи и немаше доволно храна. Повторно се вративме пред канцеларијата и запознавме една Германка. И` кажав дека сум со моето момче и дека и двајцата не сакаме да се вратиме во кампот бидејќи ќе забележат дека сме хомосексуалци, а тоа е опасно. Таа ме запозна со друга девојка која ни обезбеди престој во близина на LaGeSo. И` кажавме дека еднаш бевме малтретирани затоа што се држеме за рацете во текот на патувањето до Берлин, и дека се`уште сме исплашени да не бидеме повредени. Таа ни помогна да најдеме престој и ни даде пари за чевли.

Сега живееме со еден човек во неговиот стан. ЛГБТ луѓето ни помагаат. Тие се чувствуваат одговорни за нас. Се`уште чекаме да бидеме повикано во LaGeSo. Откако ќе добиеме азил сакаме да се венчаме. Ова е слободна земја и можеме да се бакнуваме и да бидеме отворени за тоа дека сме хомосексуалци пред другите луѓе. Би сакал да работам и да учам, не сум дојден по парите на владата. Сакаме да живееме овде, во оваа слободна земја бидејќи не можеме да бидеме она што сме во арапските земји“, вели еден бегалец.

 

23

 

„Бев дел сириската фудбалска репрезентација и одлучив да се откажам од фудбалот откако мојата девојка беше убиена. Ја напуштив Сирија пешачејќи, што ми одзеде 22 дена. Патував од Турција до Грција во мало бротче со 37 луѓе. Брановите станаа толку интензивни што бродот постојано се нишаше и навлегуваше вода. Наеднаш, едно детенце падна. Имаше две или три години. Бродот воопшто не застана за да го земе детенцето - ако застанеше ќе беше ризик за другите 36 луѓе. Затоа се одлучив да скокнам во водата и да го земам детенцето. Се борев да пливам бидејќи го носев детенцето во една рака. Водата беше толку студена што помислив дека детето е мртво.

Кога стигнав до плажата започнав со реанимација - за среќа дететот започна да кашла. Ја соблеков маицата и го завиткав и се обидов да го стоплам.  Кога двајцата се стабилизиравме, носејќи го детето го прошетав островот. Се искачив на девет планини носејќи го детето. Конечно успеав да стигнам до полициската станица на другиот крај на островот, ме однесоа во болница и ги пронајдоа родителите на детето. Отидов во Атина и од таму пешачев до Македонија. А потоа до Србија и Унгарија. На патот до Унгарија се возев со шверцер во камион. Имаше многу луѓе назад, па решив да седнам на совозачкото седиште. Кога полицијата не` запре, шоферот го стави телефонот во мојот џеб. Полицијата ме уапси и една недела постојано ме тепаше. На крајот им платив 50 евра за да ме пуштат и да ми дадат унгарска документација. Отидов во Будимпешта во хотел.

Следниот ден полицијата повторно се појави на мојата врата. Со оглед на тоа што имав документација, воопшто не се исплашив. Но, документите беа застарени и повторно завршив во полиција. Кога бев пуштен, заминав за Австрија. Таму пронајдов шверцер кој ме однесе до Германија. Кога пристигнавме, полицијата го уапси шверцерот и не` одведе во полициска станица. Полицијата во Германија е различна од сите други полициски служби во светот - беа навистина љубезни и добри. „Вие сте во Германија сега. Безбедни сте“, постојано ни повторуваа.  

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот