X
 05.11.2015 Образование

Нил Деграс Тајсон за "бесполезното" образование

Познатиот астрофизичар Нил Деграс Тајсон има порака за секој кој погледнал на таблата за време на час по математика и помислил дека никогаш нема да го искористи тоа во вистинскиот живот. Вистина е дека можеби нема да ве прашаат на улица да го најдете икс или да пресметате нешто комплицирано, но учењето на пристапот кон математичките проблеми е значаен дел од образованието бидејќи му помага на вашиот мозок да размислува подобро.


Во видеото подолу, Тајсон објаснува зошто е толку битно да се учи математиката за време на образованието.

- Учењето решавање задачи создава нов вид поврзување во мозокот за решавање проблеми. Не е за тоа што сте го научиле, туку за методите, алатките и тактиките кои треба да ги развиете за да го решите проблемот кој можеби никогаш нема да го видите во животот. Но ќе видите проблеми кадешто овие методи и алатки ќе станат значително вредни за вас - вели Тајсон.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование