X
 15.01.2016 Образование

Станете подобар студент со овие неколку совети

Покрај сите книги и водичи кои се занимаваат со темата како да бидете успешен студент, овие неколку мудри и кратки совети можат да ви бидат од голема корист.

Студентскиот живот со себе носи прекрасни моменти, но и доста стресни ситуации и проблеми кои отежнуваат академската година да се донесе до крај. Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви помогнат не само да станете подобар студент туку и да научите како да пронајдете време за забава, затоа што важно е да се соочите со неуспехот и да ја насочите нервозата во позитивен правец.

Запознајте ги колегите - Додека чекате да влезете на предавање или на испит во ходникот на факултетот, спријателете се со колегите. Постигнувањето добри резултати во голема мера ќе зависи и од врските и познанствата кои сте ги воспоставиле во текот на студирањето, а најверојатно ќе ви бидат од голема корист и во текот на професионалната кариера.

Создадете рутина
- Нека учењето ви стане рутина, нешто како миење заби наутро и тогаш се` ќе биде полесно бидејќи мозокот функционира подобро кога зачестено ги прима новите информации. На тој начин побрзо ќе го апсорбира она што го учите.

Првото предавање е доста важно -
Многу сметаат дека првото предавање е само вовед во некој предмет, па затоа мислат дека не е важно. Но, токму ова предавање може да ви помогне и да ви даде дополнителна мотивација за посетување на останатите предавања.

Запознајте ги професорите
- Истражувањата покажуваат дека главна причина поради неуспешниот однос на студентот со професорот е токму отсуството на волја и постоење на отпор кај студентот - дури 90%. Обидете се да разговарате и да ги запознаете вашите професори во првите денови од студирањето бидејќи предавањата и полагањата на испити подоцна ќе ви бидат многу полесни.

Немојте факултетот да го правите потежок отколку што е
- Ова ќе го направите ако сте одлучиле да одите на факултет само за да се одделите од родителите и не одвојувате никакво време и труд за предавањата, читање или учење.

Добар план + дисциплина = слободно време за забава
- Можете добро да се забавувате ако ви остане време, односно ако добро се организирате при извршување на факултетските обврски.

Слободно бидете нервозни - Сосема е во ред да се пробудите во четири часот наутро или воопшто да не спиете ноќ пред испитот и да размислувате за тоа дали сте научиле се` и дали ќе помине испитот во најдобар ред. Немојте поради тоа да се лутите на себеси.

Паѓањето е понекогаш неизбежно, но важно е колку брзо ќе се подигнете -
Немојте да се споредувате со другите и да го мерите вашиот успех или неуспех со останатите студенти. Ако паднете немојте да го сфаќате тоа како страшна работа, туку веднаш фокусирајте се на сопствените цели за да се подобрите самите себеси за да не дојдете во слична ситуација.

Успехот секогаш зависи од повеќе фактори - Бидете скромни и задоволни со положените испити. Ќе сфатите дека понекогаш дури и 6-ка на испитот е еден чекор поблиску кон дипломата и завршувањето на студиите.

Факултетот е тежок. Животот е тежок. Бидете храбри но и реални кон себе - Ако сакате да успеете и да постигнете резултат кој ќе се цени, бидете сигурни дека тоа ќе бара одредена жртва и повеќе одрекувања. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование