X
 15.03.2021 Образование

Проектот НИ4ОС-Европа финансиран од ЕК придонесува кон визијата на европскиот облак за отворена наука, испорачувајќи ги своите први интегрирани ресурси на својата платформа

Проектот НИ4ОС-Европа, финансиран од програмата „Хоризонт 2020“, ги доближува научните заедници чекор поблиску до облакот за отворена наука и визијата за отворена иновација, со вклучување на 19 нови услуги во сопствениот каталог за дигитални услуги. НИ4ОС Европа (Национални иницијативи за отворена наука во Европа), е клучен соработник на Европскиот облак за отворена наука (EOSC) кој претставува интегрирана, интероперабилна дигитална околина чија цел е да им обезбеди на научните заедници непречен пристап до е-инфраструктури, услуги и податоци, овозможувајќи прекугранична и интердисциплинарна соработка. Ресурсите поставени во каталогот за дигитални услуги на НИ4ОС Европа ќе бидат интегрирани во портфолиото на EOSC, овозможувајќи им на милиони научници од целиот свет да пристапат, складираат, управуваат, анализираат, споделуваат и повторно да користат податоци за истражувачки цели.



Партнерството НИ4ОС-Европа се состои од 22 организации од 15 земји-членки и здружени земји од поширокиот регион на Југоисточна Европа. Партнер на проектот во земјата е ФИНКИ при УКИМ, како една од водечките институции која е посветена на градење на е-Инфраструктурите во нашата држава. Проектот придонесува кон EOSC преку повеќе нивоа на пристап:
• Придонесува кон портфолиото на EOSC со пресметувачка инфраструктура и услуги, податочни множества, како и услуги за складирање и управување со отворени податоци;
• Го поддржува развојот и вклучувањето на националните иницијативи за облак за отворена наука во 15-те земји-членки и придружните земји во управувањето со EOSC;
• Обезбедува обуки за вклучување на EOSC филозофијата и FAIR принципите за откривање на податоци, пристапност, интероперабилност и повторна употреба.



Платформата НИ4ОС-Европа содржи вкупно 41 услуга, кои се тестирани во однос на нивото на подготвеност за интеграција со EOSC, преку специјализирани модели. Паралелно со ова, спроведени се десетици јавни обуки во различни средини и со различни улоги, како и консултации и студии за усвојување на политиките за отворена наука. НИ4ОС-Европа создаде силна основа за имплементација на EOSC, со придобивки за широк спектар на научници и професионалци за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ).

Проектот НИ4ОС-Европа е финансиран од Европската комисија во согласност со договорот за грант бр. 857645 за европски истражувачки инфраструктури од програмата „Хоризонт 2020“.

Врски:
НИ4ОС-Европа – Национални иницијативи за отворена наука во Европа
НИ4ОС-Европа - Каталог на услуги
Европски облак за отворена наука
НИ4ОС-Европа Фејсбук | НИ4ОС-Европа Твитер
Претплатете се на вестите за НИ4ОС-Европа
НИ4ОС-Европа на ФИНКИ, УКИМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование