X
 15.12.2022 Забава

Тајните кодови на „Нетфликс“ за скриени божиќни филмови

Најубавиот период од годината е тука, што значи дека на топ-листите на „Нетфликс“ доминираат божиќни филмови, емисии, шоуа и специјални изданија.

Но, ќе ви биде потребно прилично подолго време за да ја пребарате целата содржина и да го најдете омилениот филм.

За среќа, постојат тајни шифри кои ќе ви олеснат да ги најдете вашите омилени филмови. Сè што треба да направите е да напишете „www.netflix.com/browse/genre/ и во продолжение кодот по последната коса црта за да одите директно до специфичните категории на „Нетфликс“.

Кодот „107985“ ќе ве однесе до страницата „Омилени за празниците“, што е лесен начин да го најдете речиси секој божиќен филм на „Нетфликс“. Исто така, ова е лесен начин да се најдат шоуа со празнични теми. Тука можете и да го најдете божиќното специјално издание со Бил Мареј од 2015 година.



Со помош на кодот „1394527“ ќе можете да ги најдете филмовите „Божиќен принц“, „Божиќно наследство“, „Празничен календар“ „Мала Италија“, „Божиќ со поглед“ и „Љубов, загарантирано“.

Божиќни филмови за деца и семејството


За овие филмови треба да го впишете кодот „1474017“ и ќе ви излезат филмови како „Клаус“, „Божиќните хроники“, „Принцезата Свич“ и слични.

Со внесување на кодот „1475066“ ќе добиете наслови како „Божиќна желба: Приказната за Пепелашка“, „Дома за празниците“ и слично.



Британски и канадски детски и семејни филмови

Со помош на кодот „1721544“ можете да добиете канадски филмови, додека со кодот „1527064“ ќе добиете британски филмови како анимираниот „Робин Робин“.

Извор: Popculture.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава