X
 28.02.2016 Култура

Во пресрет на Оскарите: Кој ја започнал традицијата со црвен тепих?

Вечерва се Оскарите, а секоја година, оваа церемонија започнува со пристигнувањето на ѕвездите и нивната прошетка на црвениот тепих. Почетокот на оваа традиција датира од многу одамна.


Есхил, таткото на трагедијата живеел од 525 г.п.н.е. до 455 г.п.н.е. Неколку години пред неговата смрт, тој ја напишал „Агамемнон“, во која кралот Агамемнон се враќа дома кај својата сопруга по над деценија отсуство. Клитемнестра, неговата сопруга, била среќна што го гледа Агамемнон, но само за да се одмазди за неговата улога во смртта на нивната ќерка една деценија претходно.

Имено, Агамемнон бил принуден да ја жртвува својата најстара ќерка за една божица. Клитемнестра го пречекала сопругот дома со црвен тепих за да најави дека правдата ќе го донесе Агамемнон во својот дом. Подоцна, таа ќе го убие сопругот во неговата бања.

Во текот на следните 2.000 години, се забележувале слични употреби на црвениот тепих. Во 1800-те години, петтиот претседател на САД, Џејмс Монро, бил пречекан дома со церемониски црвен тепиј. Овој обичај бил оживеан во раните 1900-ти години, овојпат за време на пуштање на луксузен воз.

Сид Громан се смета за личноста која го донела црвениот тепих во Холивуд откако поставил тепих со таа боја за ѕвездите на премиерата на „Робин Худ“ во 1922 година. Барајќи практичен метод за водење на бројните ѕвезди за време на оскаровската вечер, Академијата за првпат поставила црвен тепих за водење на славните од нивните автомобили до салата во 1961 година.

До 1964, забележувајќи го јавниот интерес за славните, продуцентите на Оскарите започнале да трошат повеќе време на снимањето надвор за време на пристигнувањето на ѕвездите на црвениот тепих.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура