X
 21.03.2016 Култура

Земјите кои вешто ги прошируваат своите територии

Добредојдовте во Форест сити, остров со големина од 10 квадратни километри. Тука нема автомобили, но има доста бујна вегетација.

 

1


Тоа е еден од четирите блокови изградени од Малезија во морето кое го дели Сингапур како дел од проектот вреден 60 милијарди долари.

 

Но, соседната нација и не е баш многу среќна за новиот дел од територијата која се движи кон неа, но и таа прави планови вештачки да ја прошири својата територија на 62 квадратни километри.

Создавањето земја онаму кадешто некогаш имало само вода станува доста често, и покрај тоа што е доста скап проект.

Кина предизвикува доста контроверзии со изградба на вештачки острови на врвот на спорните гребени во Јужното Кинеско Море.

И други азиски нации тврдат дека гребените им припаѓаат нив, такашто нивното развивање од страна на Кина изгледа како агресивен потек, кој драстично ќе ја зголеми воената моќ на нацијата на клучната поморска маршрута во Азија.

 


 1

2



Обединетите Арапски Емирати изобилува со бројни вештачки острови. Дубаи го создаде проектот со островите од палма - „Palm Jebel Ali“, „Palm Deira“ и „Palm Jumeirah“ кој чинеше 16 милијарди долари.

Ова предизвика доста амбициозни проекти на острови по крајбрежјето на Персискиот Залив, вклучувајќи го и „World“ (во вид на мапа), „Universe“ и „Waterfront“ на Дубаи.

Кирибати во Централниот Пацифик откри дека побара совет од ОАЕ за изградба на вештачки острови со цел да се спаси нацијата од зголемувањето на нивото на морето, проект кој чини околу 140 милиони долари.

Абу Даби може да се пофали со островот „Yas“ кој е голем 25 квадратни километри, и е предвидено да стане место за одмор, шопинг и забавен центар кој чини околу 40 милијарди долари.

Катар го има „The Pearl“ или „Бисерот“ остров вреден 15 милијарди долари на кој треба да живеат 45.000 жители до 2018 година.

 

3

4


Проблемот

Постојат стравови дека овие вештачки острови кои внесуваат големи количини на песок од другите земји или земаат од морското дно, може да предизвика еколошки катастрофи.

Сингапур копа 500 милиони тони песок од југозападниот дел на Камбоџа, со што се предизвикала огромна штета на крајбрежните области, уништувајќи ги рибите и екосистемот.

Масивните територијални претензии на Кина насекаде предизвикуваат загриженост - од Виетнам до Америка и Филипините, кои тврдат дека Кина предизвикува економска загуба од најмалку 100 милиони долари на годишно ниво поради нејзините активности, уништувајќи ги системите на коралните гребени во групата на островите Спратлис.

Мале, главниот град на Малдивите, ја реши кризата со ѓубрето преку изградба на островот Тхилафуши. Постои опасност островот да испушти токсични хемикалии во морето.

Вештачките острови се изложени и ранливи. Вториот вештачки остров на Јапонија, Роко, беше една од најтешко погодените области од земјотресот Ханшин.

Овие конструкции исто така претставуваат политички ризик, бидејќи често се протегаат на земји за кои другите нации тврдат дека се нивни или пак се гледаат како застрашувачки потег да се здобијат со територијална предност.

Спиралниот остров II во Мексико е создаден од 100.000 пластични шишиња. А во Северното Море, помеѓу Белгија и Холандија, се наоѓа челичната скулптура од кинескиот уметник Зан Ванг, на која се наоѓа, компјутер и рибар.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура