X
 14.04.2016 Култура

Што откри премиерата на "Game of thrones"?

tronovi

 

Неочекуваноста на фановите на „Game of thrones“ расте, а 6-та сезона пред два дена ја доживеа својата премиера во Лос Анџелес. Што таа откри за претстојните епизоди?


Првата епизода беше прикажана за одредена публика во познатиот кинески театар во Холивуд пред самата телевизиска премиера која е закажана за 24 април. Со тоа што оваа сезона значително се разликува од книгите на Џорџ Р.Р Мартин, можеме да очекуваме буквално се`.

Но, публиката доби сериозно предупредување, вели Џејн Мулкеринс: „Секој кој ќе открие спојлери или важни детали од содржината ќе се соочи со исклучување, или полошо, ќе стапи во брак со Ремзи Болтон“, вели Џејн Мулкеринс од „Daily Telegraph“.

Џејн открива дека оваа сезона се одликува со „тажна и меланхонична нијанса“, а првата епизода започнува покажувајќи го безживотното тело на Џон Сноу.

Првата епизода е со наслов „The Red Woman“, по мистичната Мелисандра која не ја доминира акцијата. Џејн продолжува: „Епизодата има изненадувачки пресврт, и поставува сцена за доаѓањето на моќна магија“.

Како што вели Џејмс Хибред од „Entertainment Weekly“, за разлика од другите епизоди кои започнаа со бавно темпо, оваа епизода се движи многу побрзо.

Хибред вели дека ова делумно се должи на силата на минатогодишното финале во кое беше вклучено и заробувањето на Денерис од Дотраки, одот на срамот на Серсеј, ослепувањето на Арја, смртта на Џон и бегството на Тион и Санса од Винтерфел. Интензивната епизода продолжува онаму кадешто застана претходната сезона.

Новата епизода поминува доста време во Кеслблек, а критичарот Хибред предупредува дека постојат вистински шокантни сцени кои дури и хард-кор обожавателите нема да ги очекуваат.

Она што го знаеме за претстојната сезона е дека Санса Старк ќе има прилично моќна улога.

„После се` што помина Санса, ова ќе биде голема сезона за неа“, вели Софи Тарнер.

Сепак, среќниците поканети на премиерата на Лос Анџелес не беа единствените кои имаа среќа да погледнат нови снимки од серијата. HBO го зголеми нетрпението на фановите објавувајќи нов трејлер за шестата сезона. Трејлерот ветува крв, борба и многу змејови. Серсеј е подготвена да ја послужи својата одмазда, а истото важи и за Санса која избега од нејзиниот ужасен сопруг Ремзи Болтон.

„Не правете грешки - мртвите доаѓаат“, предупредува Давос. Тој зборува за Белите одачи, меѓутоа со оглед на смртта на Сноу, сигурно мисли нешто повеќе.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура