X
 21.02.2019 Култура

„Игра на троновите“: Кој би можел да го спаси Вестерос?

Премиерата на „Игра на троновите“ е закажана за април, а на интернет се појавија нови теории за тоа кој лик ќе биде клучен за спасување на Вестерос.

Вратете се назад во седмата сезона - во една епизода Серсеј му навестува на нејзиниот брат Џејми дека чека дете од него. Фановите тогаш сметаа дека Серсеј манипулира за да остане на престолот.

Но, сега фановите се прашуваат дали нејзината бременост ќе го спречи Ноќниот крал да ги убие сите луѓе во Вестерос.


1
Фото: NME


Познато е дека Белите шетачи ги земаат бебињата како жртва, што се виде во втората сезона кога Крестер им ги даде своите синови. Дали Серсеј ќе го жртвува своето дете? Голема е можноста и би бил голем пресврт еден од најголемите антагонисти меѓу ликовите да биде тој што ќе го спаси Вестерос.

Знаејќи ја Серсеј, ова би било избор инспириран од ветувањето за неограничена моќ.

Лина Хедеј, која ја глуми Серсеј, неодамна ја откри нејзината љубов и восхит од ликот што го глуми.

- Видовме секакви ликови во овој долг временски период. Овие жени се издигнаа во текот на серијата. Искрено ја сакам Серсеј - мора да ѝ се восхитувате поради сето она што го преживеала. Таа едноставно одбива да се откаже - изјави Хедеј

Ејч-би-о е воздржана и се обидува да не открие ништо за претстојната последна сезона, меѓутоа, не ги спречува фановите да даваат теории.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура