X
 01.05.2016 Образование

Професор објавил CV со своите неуспеси поради необична причина

Јоханес Хаушофер храбро ги објавил сите програми на кои не успеал да влезе и академските позиции кои не ги добил.


Еден професор од универзитетот „Принстон“ објавил CV со сите неуспеси во својата кариера на социјалната мрежа „Твитер“ со цел да „направи баланс“ и да ги охрабри другите да продолжат да се трудат и покрај неуспесите и разочарувањата.

Јоханес Хаушофер, асистент професор по психологија на „Принстон“ го објавил своето необично CV на „Твитер“ изминатата недела. Во документот се вклучени делови за дипломски програми за кои не бил примен, истражувачки грантови кои не ги добил и одбивања на трудови од академски списанија.



Во професионалната биографија се вклучени и академски позиции кои не ги добил и награди и стипендии кои не ги освоил. Хаушофер напишал дека го напишал документот за да „покаже перспектива“.

- Повеќето од она што го пробувам не успева, но овие неуспеси често се невидливи, додека успесите се видливи - пишува тој.

Тој додава дека забележал дека ова му давало чувство дека повеќето работи за него успеваат, иако тоа не е така.

CV-то со неуспеси добило позитивни коментари на „Твитер“.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование